Заев: Коалиции за локалните избори ќе дефинираме во септември

Од:

За евентуално коалицирање за локалните избори во втората половина на октомври, СДСМ ќе соопшти во септември, по одржувањето на пописот, но претседателот на партијата Зоран Заев од сега повика на соработка. Одговарајќи на новинарско прашање дали на изборите СДСМ ќе настапи со некоја од партиите од албанскиот политички блок, тој денеска одговори дека е рано да соопшти сега и, веројатно, тоа ќе се знае еден месец пред изборите кога, како што рече,традиционално се дефинираат коалициските настапи и се избираат кандидатите за советници и градоначалници.

– Сè уште е рано. Кога ќе ги донесеме одлуките на нашите состаноци, веднаш ќе ги соопштиме. Но, тенденцијата ни е сплотеност и заедно, и секогаш да настапуваме во духот не едно општество за сите. И уште сега го испраќам повикот за соработка – предизборна и послеизборна, зашто преку соработка и единство ќе можеме да постигнеме и поголеми успеси, рече Заев.

Прашан за состојбите во СДСМ и дали има превирања, бидејќи членови на партијата формираат независна советничка листа во Охрид, а и поради повлекувањето на Радмила Шекеринска од фунцијата заменик-претседател на партијата, Заев одговори дека Социјалдемократскиот сојуз е единствен и тоа е покажано во нивното секојднево функционирање.

– Но, секако, различни сме во разноликоста на нашите ставови и размислувања и тоа нè прави најдемократска партија со докажани демократски начини на работење, однесување и функционирање. Листите за кои слушнавме во Охрид се порака, пред сè, до Социјалдемократскиот сојуз и ќе разговараме во деновите пред нас, имаме неполни шест месеци до изборите. СДСМ секогаш по пат на единство ги извојувал победите, но и континуираните промени што се случуваат, одговори Заев.

За откажувањето на Шекеринска од партиската функција, пак, рече дека веќе кажал оти ги прифаќа нејзините ставови и дека има, како што рече, огромни можности и аспекти за соработка во иднина.

– Затоа што не сме само претседател и заменик-претседател на СДСМ во осум години или два мандата, туку сме и добри другари. Знам дека животот и понатаму ќе продолжи во исклучително добра соработка помеѓу мене и Радмила, додаде премиерот и претседател на СДСМ.

Тој потсети и дека на 16 мај претстои конгрес на партијата, кој е многу значаен зашто во најава се новите политики на СДСМ.

– Верувам дека тој успешно ќе помине и во релаксирана атмосфера. Партијата ги користи викендите и доцните вечерни часови да работи на кадровски, но и на дизајнирање на новите политики. Синоќа завршиве 4-5-часовен состанок на кој сите ние, актуелното раководство, извлековме важни заклучоци. Го знаеме патот, сега ги трасираме првите чекори кои треба во втората половина на мај веќе да почнат. За изборите ќе почнеме со истражување, анкети, сондажи, пред сè, помеѓу граѓаните и нашите поддржувачи, со конечна цел граѓаните да научат што е тоа што би било најдобра испорачана понуда од СДСМ, додаде Заев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Џамбаски: Димитар Ковачевски му го носеше кафето на Заев, името му е бугарска Али Експрес верзија

Орце Костов

Заев: 75 % од граѓаните се против референдум за договорот со Бугарија, останатите 25 % се вмровци

Маја Илиевска-Пачемска

Стоилковски: Дали луксузните имоти во кои престојуваат Заеви во Дубаи се нивна сопственост?