Често канев граѓански организации како политичка партија и бевте присутни, ред е да бидеме и ние присутни на вака важен меѓународен ден секако и недела којашто се отвара пред нас и да разговараме за прашања коишто се навистина болни во нашето општество, рече Зоран Заев на Конференција Инклузија „И јас сакам да имам живот како другите!“.
Секако ние не сме стручни како вас, некои од вас со години и денеции работите на многу важни проблематики коишто ги засегаат нашите граѓани, но сепак сме овде присутни да слушаме и да дадеме свој коментар за да може дебатата да се отвори и да носи секако позитивен резултат. И критикувајте не, тепајте не нас политичарите ако не чинат работите од политиката и политичарите во Р.Македонија секако вклучително и јас сум политичар во оваа земја.
Податоците коишто `не преокупираат сите, се податоци познати на цела македонска јавност, тоа е 500.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштија. 180.000 граѓани живеат со по 40 денари на ден, 99.000 со по 22 денарa на ден и целото ова ако продолжите да го кажувате е убиствено.
Според мене како политичар, мислам дека обидувајќи се да создадеме држава изминативе 20 години, Македонија ја изгуби душата. Државата ја изгуби душата и смислата на своето постоење, а како и секаде во светот, државата постои заради граѓаните и никако поинаку. Се додека ја исполнува функциjата нa нејзиното постоење, а тоа е интересот исклучиво на граѓаните, дотогаш има смисла нејзиното организирање, функционирање и постоење како држава.
Крајно време е да се вратиме на враќањето на душата на нашата земја, а со тоа мислам и да се откажеме од сите овие материјални аспекти коишто се преокупација на сите гласачи, а со тоа и на политичарите. Материјални аспекти со коишто билдаат мускули политичарите и пред избори и после избори, оти кампањата е постојана во оваа наша Македонија. Се изгубија важните елементи каде што граѓанинот, поединецот, индивидуата, ќе бидат таргет на постоењето на цели институции, на цели влади, на цели парламенти, како што впрочем треба да биде.
Беше кажано овде, навистина е извитоперено општеството и единствено е возможно да го исправиме ако го вратиме на смислата на своето постоење. Не можеме да си ја залечиме душата како институции, како општество, ако дадеме 2.500 денари социјална помош. Тоа е само лечење душа или се обидуваме да си залечиме душата?
Со 2.500 денари никој не можее да живее!
И после и Ерџан и некој друг оди да собира и пластика, да собира и железо, а мора тој што му ги откупува да му ги наплати на трансакциска сметка и веднаш причина и тие 2.500 денари повеќе да не ги зема.
Ако велиме дека прагот на сиромаштија минимум за поединец е околу 12.000 денари, не може да биде среќно општеството ако не обезбедиме приход до 12.000 денари за секој поединец. Ја сум ги правел и матаматиките. Генерално, за сите овие 35.000 или до одредена инстанца 40.000 граѓани од категоријата приматели на социјална помош, буквално за сите овие во државата, потребни се 18 милиони евра за да се избалансира барем првиот чекор во сосотојбата. Тоа е споменикот Воин на коњ или одберете кој сакате друг споменик. Толку е тоа во пари, за да може некој да однесе леб дома.
Вчера, Организација на жени на Струмица, Банка за храна и ние како Општина Струмица заедно со бизнис секторот поделивме 100 пакети со храна. Од завршувањето на делењето на пакетите, па се до моето пристигање тука, добив повеќе од 15 пораки кои гласеа “Каде можеме да земеме пакет?“. Зборуваме за храна, за макарони, за шпагети, за одржлива храна.
Луѓето бараат храна, значи постои глад во Македонија и тоа е поразително за сите нас.
Мораме да се посветиме на граѓанинот и поединецот со конкретни и прагматични чекори!
Пари има. Јас ви тврдам, 400 милиони евра годишно се крадат од Македонија! Се краде и пљачка, како да е ова туѓа земја. Социјалната раслоеност е на тоа екс%