Заев: Ќе се дозволи секој граѓанин да одгледува две-три стебла марихуана, под строга контрола

Од:

Со планираната легализација на канабисот во земјава, се отвора можност секој граѓанин, за своја лична употреба да може да огледува одредена количина од растението, изјави денеска премиерот Зоран Заев во Собранието, одговарајќи на пратеничко прашање.

„Ова нема да биде привилегија само на богатите да инвестираат или слично, целта е да се овозможи на секој граѓанин на пример од две до три стебла под контрола на агенцијата која што е предвидена во самиот закон за сопствена потреба, да може да ги користи или пак може да ги делегира на компанија да ги одгледува за него како што и сега се бележи секое стебленце со посебен број со посебна контрола или слично,“ рече Заев.

Според премиерот, легализација истовремено ќе отвори нови економски можности за земјава, а додаде и дека искуствата покажале оти во сите земји каде што употребата на канабис е легализирана, за 30 до 50 отсто е опаднато користењето на хероин, на кокаин и на сите други тешки супстанци и дроги.

Би можело да ве интересира

Алиу: Продолжува контролата – уште три лиценци за марихуана ќе бидат одземени

Тошковски: Сите инволвирани во шверцот на марихуана во Србија ќе одговараат

Шест компании останаа без лиценца за одгледување канабис, Мицкоски најави нови акции

Алиу: Одземени се лиценците на шест компании кои одгледуваа марихуана за медицински цели

Горан Наумовски

Кривична пријава за десетмина поврзани со запленетите 40 тони марихуана

Филипче: Немам врска со било која фирма за марихуана, власта прави дефокус од скандалот со 5 тони дрога