Заев ќе оди во Брисел

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев и делегација на СДСМ ќе присуствува на утрешната средба во Брисел со комесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан, соопштуваат од СДСМ.

„Изјаснувањето на еврокомесарот Јоханес Хан заедно со генералниот секретар на ОБСЕ, дека Конечниот извештај на ОБСЕ/ОДИХР за предвремените парламентарни избори 2014 во Македонија содржи бројни недостатоци на изборниот процес за коишто е потребно итно спроведување на препораките на набљудувачката мисија, како и јасно искажаниот повик да се постигне договор за преостанатите точки, односно организирање Влада што ќе ги подготви и спроведе следните избори, го цениме за силна потврда на позициите на еврокомесарот Хан искажани во телефонскиот разговор со претседателот Заев и преку писменото соопштение од Европската комисија. Искажаните заложби на еврокомесарот Хан за отворање на суштинското прашање, организирање Влада што ќе спроведе фер и демократски избори, отвораат пат за отпочнување можни преговори за решавање на политичката криза“, посочуваат од партијата.

Од таму велат дека очекуваат принципиелни разговори поставени на рамноправна основа.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците