(ВИДЕО) Заев: Ќе нема притисоци и злоупотреби од државата за изборни цели

Од:

Принципот на одвојување на државата од партијата е даден збор и заложба, како и определба и стратешка цел на новата Влада, истакна денеска премиерот Зоран Заев.

Според него, во изминатите сто дена од формирањето на Владата немало, а и во следниот период ќе нема притисоци, уцени и закани за изборни цели, ниту пак злоупотреби на државни пари за изборни цели.

Потенцирајќи дека одвојувањето на државата од политичките партии е обврска од Договорот од Пржино и укажување во сите извештаи од ЕУ за напредокот на Македонија, ОБСЕ/ОДИХР и на другите меѓународни и граѓански организации Заев рече дека сериозниот пристап кон ова прашање Владата го покажала со внесување низа заштитни механизми во реформскара рамка Планот 3-6-9.

– Одржување фер и демократски избори е врвен приоритет на Владата, и верувам дека треба да биде врвен прироитет на нашата држава, истакна Заев на конференцијата „Одвојување на државата од политучките партии“ во организација на граѓанската асоцијација МОСТ.

Како што рече Заев, предвидени се повеќе мерки на краток, среден и долг рок за отстранување на недостатоците во реализацијата и спроведувањето на изборите според препораките на ОБСЕ/ОДИХР, Венецијанската комисија, во соработка со граѓанското општество, ЕУ и останатите меѓународни организации.

Според Заев, за одвојување на државата од политичките партии и за одржување фер, слободни и демократски услови, Владата досега ги презела сите мерки што можела да ги преземе и се во нејзина надлежност.

Покрај досега усвоените инструкции, упатства и одлуки, кои меѓу останатото се однесуваат, на забрана за користење државни ресурси од учесниците и кандидатите за време на изборниот процес, Заев најави дека ќе биде формирано координативно тело кое што ќе го контролира процесот на доследно почитување на забраните што произлегуваат од Изборниот законик во периодот од денот на распишување на изборите до нивно завршување.

– Ова идеја е во функција на одржување слободни, фер и демократски локални избори на 15 октомври со цел унапредување на довербата во изборниот процес од страна на сите субјекти, како и заради превенција и оневозможување каков било притисок врз граѓаните во поглед на нивното гласање на изборите, рече Заев.

Тој апелира за активен придонес на граѓанското општество и на граѓаните поединечно за подобрување на состојбите и преземање на се што е потребно во функција на фер и регуларен изборен процес, а очекува принципиелна поддршка како и за сите важни процеси од ЕУ, САД и ОБСЕ/ОДИХР. Апелираше и до раководните лица во државните и владините институции дека ќе има нула толеранција за евентуални изборни злоупотреби.

– За краток период успеавме РМ да ја исправиме на вистинскиот евроатлантски пат. Демократските, фер и регуларни избори, покрај сите други реформи кои ги почнавме и напредокот во добрососедските односи, отвораат реални евроатлатнски перспективи за државата. А тие подразбираат пред се шанси за економски напредок и просперитетен живот на граѓаните, рече Заев.

Според евроамбасадорот Самуел Жбогар, особено е важно да се применат сите ветувања и гаранции за нетолеранција на какви било злоупотреби во однос на изборите за сите изборни процеси.

– Примарно е политичките лидери, членовите на партуи и сите дрѕуги учесници да ги спроведуваат кампањите без какво било заплашување, насилство и на начин кој нема да подгрева какви било етнички тензии. Сакаме да ги поттикнеме политичките лиодери и нивните партии и релевантните чинители да го искористат изборниот проецс за да се потврди и покаже нивната посветеност на демкратските вредности и владеењето на правото, рече Жбогар.

Тој потенцираше дека изборите се значајни за демократијата на земјата но и на нејзините евроинтеграции. Клучно за подршка на преттсојните избори ќе биде и соработката меѓу сите институции, вклучително и Државната изборна комисија.

Претседателот на МОСТ Дарко Алексов побара од новата Влада да го почитува принципот на одвојување на државата од партијата за што како што рече имало многу примери во минатото.

– Од денеска натака сакаме да видиме дека овој принцип може да се почитува и оти валста може да се практикува поинаку, рече Алексов.

Конференцијата што МОСТ ја организира во рамки на програмата патоказ кон демократски реформи, треба на краток рок да даде придонес кон слободни и фер избори. Учесниците дебатираат за мерките коишто ќе бидат применети во пресрет на локалните избори и дали ќе придонесат кон обебзедување одвоеност на државата од политичките партии.

Би можело да ве интересира

Азизи: Владата вонредно заседаваше, донесена одлука да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Град Скопје: Ја поздравуваме одлуката на Владата

Нафта од државните резерви за Градот Скопје за решавање на проблемот со автобусите

Вонредна седница на Владата за проблемот со јавниот превоз во Скопје

Грузиската Централна изборна комисија ги објави конечните изборни резултати, опозицијата продолжува со протестите

Граѓаните не сакаат предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски