Заев: Ќе направиме се за да се гордееме со нашиот Штип

Од:

Ќе направиме се за да се гордееме со нашиот Штип. Одлуката е едноставна, за два дена рано наутро, дотерани, гордо со исправено чело на гласачките места. Јасна е одлуката овде во Штип. Немојте штипјани да ја пропуштите оваа шанса, таа шанса е неповторлива, рече на вечерашниот митинг пред штипјани лидерот на СДСМ и Коалицијата „Живот во Македонија“ Зоран Заев.

Порача дека Штип ќе ја добие поддршката за капиталните проекти со цел да се врати сјајот и местото коешто го заслужува овој град.

– Го давам својот збор заедно со Благој Бочварски и мнозинството од овој совет предводени од Ален Герогијев, ќе го гасифицираме Штип. Не помалку од 20 километри ќе ги приклучиме сите јавни институции, стопанството и ќе почнеме со приклучоци во домаќинствата. Штип може да блеска и повторно да биде гордост на Македонија, рече Заев.

Тој забележа дека во буџетот има пари, но потребни се чесни политичари. За неполни четири и пол месеци, рече, заштедени се 45 милиони евра, а само од еден тендер од РЕК Битола заштедени се 6 милиони евра, и токму преку таа заштеда, додаде, парите се враќаат со повторното воведување на евтината тарифа на струјата за домаќинствта, кои ќе заштедат околу 8 милиони евра.

На младите им порача да не се иселуваат од Штип, бидејќи и за нив Владата, предвидува мерки за вработување, средства за магистрирање и докторирање на универзитети, а ќе обезбедува и пари за младите земјоделци. Покрај тоа што деновиве беше најавено дека во буџетот за 2018 година е предвидено зголемување на платата на припадниците на АРМ за 10 проценти, Заев најави и зголемување на платите во јавното здравство.

– Во моментот се крои буџетот за 2018-та. Сите овие заштеди коишто ни ги укажаа од Министерството за финансиии ми дават доволно сила и храброст вечерва да соопштам дека стартуваме и со зголемување на платите во здравствениот сектор за докторите и за целиот персонал во здравството. Конечна цел ќе биде специјалистите да имаат плата од 100 илјади денари, рече Заев.

Кандидатот за градоначалник на СДСМ за општина Штип, Благој Бочварски истакна дека тој како млад човек нема резервен пасош и ќе остане овде во Штип заедно да се бори и да го направи Штип современ град.

– Ќе изградиме уште еден вистински капитален проект, а тоа е браната на река Отиња, вештачко езеро со цел намалување на летните температури, спорт и рекреација, но и заштита на градот од поплави. Ова ќе го направивме со поддршка од централната Влада. Наместо станбени згради во Суитлак како што заговара актуелната локална власт зад затворени врати, јас нудам изградба на аква парк преку јавно приватно партнерство со отворен и затворен базен, сала за боречки спортови, пешачки и велосипедски патеки и многу дрги содржини за нашите сограѓани, рече Бочварски.

Би можело да ве интересира

Николовски: Власта крие, ИПАРД програмата е стопирана

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Дали е точна информацијата дека никој не сака да му се нафати на Филипче да му биде во раководството на СДС?

(ВИДЕО) Кузеска: Македонија е на дното по стандардот на живеење, власта не ни помислува на покачување на платите

А1он

Николовски: Во ризик се 128 милиони евра – поради корупцискиот скандал на власта, ЕУ најавува стопирање на ИПАРД

Андоновска: СДС да се дистанцира од Филипче и Заев, на Македонија и треба силна опозиција

СДСМ: Дали и министерот Трипуновски е замешан во корупциската шема на Стоилев?

А1он