Заев: Ќе ги укинеме патните трошоци на пратениците и ќе ја намалиме администрацијата за 20%

Од:

Лидерот на СДСМ Зоран Заев на денешната прес-конференција најави дека во следниот мандат ќе се укинат патниците трошоци за пратениците во Собранието. Заев рече дека во идина сите функционери, без оглед дали се градоначалници, пратеници, директори, вклучувајќи ги и судиите ќе имаат обврска јавно да ги прикажат сите трошоци.

„Воведуваме законска обврска за јавна објава на трошоците на сите функционери во централната, локалната, но и во судската власт. Алатката за отчетност на трошоците на функционерите со закон ќе ја направиме да биде задолжителна и за градоначалниците и за пратениците и за судската власт. Се покажа дека отчетноста ги тера функционерите да штедат, а тие пари одат кај граѓаните. Тие што водат институции во име на граѓаните мора, да се отчетни транспарентни и чесни. Ќе ги укинеме патниците трошоци за пратениците во Собранието“, рече Заев.

Првиот човек на владејачката партија рече дека една од мерките што ќе ја преземе идната власт ќе биде намалување на бројката на јавната администрација за 20%. Според него во јавната служба ќе останат да работат професионалци, односно тие што се спремни да им служат на граѓаните.

„Секако нема да ги бркаме луѓето да си одат дома и останат без работа. Ова е цел еден процес кој е отпочнат и успешно ќе продолжи. Во моментот се прави анализа на сите што работат во јавнатата администрација, а се основачи или менаџери на фирми. Веројатно таму постои злоупотреба на работното место.Не може да бидете газда на фирма, да управувате со неа, а тука сте раководител на некој сектор.Со ова мора да завршиме. Ќе се заблагодариме, дечки имате приватна фирма, успешни сте, ве молам ослободете го местото. Вториот дел е каде што на луѓето ќе им понудиме пакети. Сите оние кои ќе склучат договор за работа во приватна компанија и тоа за трајно вработување, ќе добијат испратнини во 6 бруто плати“, рече Заев.

Би можело да ве интересира

Човекот на фотографијата што ја објави Лефков, не е приведениот за подметнување пожар, реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски

Возачот-потпалувач бил со Заев кога ги носеше „бомбите“ во СЈО, ВМРО-ДПМНЕ со фотографија тврди му бил близок

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека уапсениот за подметнување пожар е шофер на Заев: Возеше инспектори, не сум го видел од 2016 одговара екс премиерот

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче останува со потрчковците на Заев

ВМРО-ДПМНЕ: Бугарија има јасна агенда за бришење на јазикот и идентитетот, СДС знаеше за ова и го дозволи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче му возвраќаат на Заев, неговите деца во партијата станаа кандидати за градоначалници