Заев: Каква било промена во Уставот не значи трајна гаранција за Грција

Од:

Промената на било што во правниот систем Македонија не значи трајна гаранција за Грција, бидејќи се што се менува може да се врати назад, изјави денеска премиерот Зоран Заев, одговорајќи на новинарско прашање за барањата од Атина за промена на Уставот како гаранција за евентуалното решени на спрото за името.

– Многу е важно да го практикуваме тоа што целиот свет го знае, а тоа е меѓународна позната пракса на решавање на вакви спорови и тогаш останува вечно. Јас сум убеден дека преку ваквите пристапи, водејќи грижа колку е тоа важно за граѓаните на Грција и на Македонија, можеме и да го најдеме решението на спорот што го имаме со Грција, рече Заев по денешното рочиште за случајот „Поткуп“ во Кривичниот суд.

Во однос на пишувањето во грчки „Катимерини“ за постигнување согласност во три поглавја, премиерот посочи дека е затворено прашањето со иредентизмот, со чекорите кои ги направи Макендонија односно со промена на имињата на автопатот во „Пријателство“ и аеродромот во Скопје.

– Разговарано е и за во иднина, после можен договор, да се формираат работни групи кои ќе ги проверат учебниците од двете страни за да не се остави незгодна трага кај младите генерации за да негуваат пријателство наместо непријатеклство, изјави премиерот Зоран Заев.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски

За Илија Димовски „Никогаш Северна“ по дома, но секогаш Северна во европските фотелји

Габриела Димковиќ-Мишевска

Габер не очекува застој во работата на македонско-грчкиот експерски комитет поради предврмените избори

Ана Ололовска