Лисерот на СДСМ, Зоран Заев објави аудио снимка за која посочи дека е разговор помеѓу министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и директорот на УБК, Сашо Мијалков. Разговараат за групацијата МПМ.
Транскрипт
ГЈ: Ало
СМ: Горде, шо праиш?
ГЈ: Еве си работам, ти шо праиш?
СМ: Само сакам да те прашам дали ти се јави Срѓан?
ГЈ: Да, да, се слушнавме и му дадов податоци.
СМ: Значи, брзо реагира, добро.
ГЈ: Да, да.
СМ: Мене премиерот ми ја препрати твојата порака и јас на основа на таа порака ажурирав, така да речам. И…
ГЈ: Да, да, да. Се јави и му кажав и плус се договоривме и претходно од кај нив…Имаат они некој таму комуњар шо ги бутка темиве.
СМ: Види, ти за тоа не се секирај. Значи, за тоа што е под нивната групација, тие три новини, уживај, остај го тоа на мене, уште неколку дена, и тоа има сé да биде средено и да биде…
ГЈ: Да де, да. Абе види, ние треба да им кажуваме.
СМ: Да, и ќе си имаме комуникација со нив.
ГЈ: Да де, да. Знаеш, оти на нив не им е у видно поле тоа нас што ни е.
СМ: Тебе ќе ти биде озвозможена директна комуникација, разбираш, да имаш. Ќе знаеме тачно кој е контакт, разбираш, да си имаш…
ГЈ: Да де, да. Оти, еве никој не праеше тест, они правеа за тужбите за МВР. Тоа е стара тема.
СМ: Види, уште таму не е преземена власт, така да речам.
ГЈ: Да де, да.
СМ: Ќе се преземе за некој ден и тоа ќе се среди и не се секирај за тоа.
ГЈ: Супер, супер.
СМ: Него, да видиме со овие другиве говеда шо ќе се праи, иначе за овие ич не се секирај. Тоа е таму под моја контрола и не треба уопште да се секираш.
ГЈ: Супер.