Заев: Излегувањето на референдум е обврска, а седењето дома неодговроност пред државата

Од:

Излегувањето на референдум е обврска, а не излегувањето на референдум и седењето дома се кукавичлук и неодговороност пред државата. Со заокружување на „за“ ќе ја осигураме Македонија и ќе ѝ обезбедиме иднина, порача Зоран Заев лидерот на СДСМ и претседател на владата на Република Македонија од собирот „Заедно за европска Македонија“ кој вчера се одржа во Гостивар.

– Да немате дилема дека носиме исправна одлука, таа е исправна сто отсто, бидејќи нема алтренатива. Никој не нуди друга опција и не кажува што ќе биде ако не се приклучиме кон НАТО и ЕУ. Да ја ставиме Македонија на шините од брзиот воз и да видиме бериќет. Околу сто субјекти сме обидинети околу овој проект, рече Заев.

Тој низ бројки и примери укажа на користта од зачленувањето во НАТО и во Европската унија, и посочи дека покрај грантовите и финансиската поддршка што и сега ги добива Македонија од фондовите на Унијата ќе се отвори и огромниот пазар на ЕУ за македонските земјоделски производи.

Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, на гостиварци им пренесе поздрави од првиот човек на НАТО Јенс Столтенберг со кого денес разговарале и од кого добил уверување дека Македонија ќе биде 30-та членка.

Заев јавно им се заблагодари на Албанците во Гостивар и во земјава за поддршката која ја добивал за време на преговорите со Грција и потпишувањето на „преспанскиот договор“

Во обраќањето Зоран Заев изрази верување дека граѓаните на 30 септември ќе излезат масовно и ќе го дадат, како што рече, придонесот во важен историски момент и дека ќе бидат горди што придонеле за подобра иднина на своите деца, на своите внуци.

– Со оваа оваа одлука на 30 септември нема повеќе да има мајка која се грижи своето дете, затоа што трајно ќе ги обезбедиме мирот и слободата во нашата Македонија, потенцира Заев.

Зборувајќи за договорот со Грција, Заев нагалси дека тоа е компромис и дека ние сме добиле „ерга омнес“ идентитет и јазик, а Грција „ерга омнес“ за името.

На бината на градскиот плоштад, се обрати и Алберт Муслиу, политички аналитичар кој директно ги повика гостиварци да излезат на референдум, бидејќи како што рече тоа ќе нé спаси од темното минато и кавгите. Од говорниците се обрати и пејачката Елизабета Јовановска која зборуваше за иднината на младиот човек во европска Македонија.

Би можело да ве интересира

На референдумот во Еквадор беа изгласани мерки за борба против криминалните банди

Ирска на референдумот одлучува за уставната идеја за семејството и улогата на жената во домот

Пет години од референдумот за Договорот со Грција

Словачкиот референдум не успеа поради слабата излезност

Џафери не ја добил референдумската иницијатива за францускиот предлог: Ќе ви кажам кога ќе одговорам

Кристијан Ландов

Нема да има референдум, Џафери го одби Мицкоски

Ана Ололовска