(ВИДЕО) Заев: Избори на 12 април, ние сме фаворити

Од:

Претседателот на СДСМ Зоран Заев потврди дека Централниот одбор на партијата донел одлука Оливер Спасовски да биде технички премиер во преодната влада, а дополнителни заменици министри ќе бидат Славјанка Петровкса во МВР, досегашна шефица на кабинетот на Спасовски и Санела Шкријељ во труд и социјална политика, поранешна шефица на кабинетот на Царовска. Воедно на Централниот одбор за вицепремиерка за економски прашања е назначена Мила Царовска на месото на Кочо Анѓушев. Централниот одбор донел уште едно кадровско решение на местото на секретарот во партијата за меѓународна политика Дане Талевски кој заминува за амбасадор, а доаѓа Бојан Маричиќ кој е координатор за европски прашања во владата.

Заев рече дека техничката влада е гаранција за фер и демократски избори но дека таа има обврска и да ги продолжи проектите на владата и реформите.

„Овие кадровски решенија покажуваат дека сме сериозни. Тоа се пофесионалци кои ќе го истуркаат целиот процес на прав пат, а веруваме дека се и гаранција за слободни, фер и демократски избори, на овој начин власта покажа дека сериозно сака да учествува во тој процес и дека единствена цел и е демократскиот капацитет, затоа и кажувам дека на овие избори влегуваме како фаворити“, рече Заев.

Премиерот потврди дека избори на 12 април ќе има и дека на трети јануари ќе ја депонира својата оставка, по што му се отстапува место на техничкиот премиер да ја достави листата на министри за формирање на техничка влада.

„Одлагање на изборите нема. Јас на трети ќе ја поднесам оставката во Владата, треба парламентот да ја констатира оставката и со тоа паѓа целата Влада. Истиот ден, претседателот Стево Пендаровски треба да му даде мандат на Оливер Спасовски којшто треба да ја предложи новата Влада и парламентот да ја изгласа новата Влада“, рече Заев.

Тој додаде дека за една изборна единица може да се ослучува до 12 февруари, односно 60 дена пред изборите додека работи парламентот. Заев вели дека СДСМ не се откажуваат од ова прашање и дека истото ќе биде отворено уште утре.

На новинарско прашање дали албанската опозиција треба да има удел во техничката влада Заев рече дека опозицијата треба да се договори за распределба на мандатите.

„Право на опозицијата е кого ќе избере за оние места кои што им следуваат, а тоа се двајца министри и тројца дополнителни заменици министри. Доколку опозицијата се договри меѓусебно да ги распредели тие места тоа е во ред и е нивен избор“, рече Заев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он