Заев – Изетбеговиќ – Иваниќ: Демократската Влада во Македонија е пример за регионот, Македонија и БиХ прават важен исчекор за регионот

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, придружуван од владина делегација на Македонија се сретна со Бакир Изетбеговиќ и Младен Иваниќ, како и со делегација на Претседателството.

Изетбеговиќ и Иваниќ му честитаа на премиерот Заев за неговото назначување за претседател на Владата на Република Македонија и на демократскиот начин преку кој што е формирана реформската Влада, ориентирана кон Европската унија.

Потенцирано е дека е тоа пример за целиот регион, како можност за успех преку градењето мостови.

-Владата на Република Македонија ги темели своите активности на принципот на градење едно општество за сите. Низ ова, определбата за итни реформски приоритети и унапредувањето на добрососедската соработка, ги отвораме вратите кон ЕУ и НАТО – рече премиерот Заев.

На средбата е констатирано, дека со денешната официјална посета на владината делегација на највисоко ниво од Република Македонија во БиХ, се надминува непотребната двегодишна стагнација во односите меѓу двете земји, со оглед на тоа што станува збор за пријателски држави со исти стратешки цели, ЕУ и НАТО.

Заеднички е изразена силна политичка волја за натамошна интензивна соработка, што денеска на дело ја покажаа Република Македонија и Босна и Херцеговина, преку потпишувањето документи од областа на земјоделството и културата.

„Денеска Република Македонија и БиХ испратија сериозна порака дека двете земји се сериозно посветени да ја развиваат регионалната соработка, којашто беше посочена на Самитот за Западен Балкан во Трст, како клучна во евроинтеграциите и очекувам дека тоа ќе продолжи и во иднина меѓу другите држави од регионот“, рече претседателот на Владата, Зоран Заев.

Премиерот Заев и членовите на претседателството на Босна и Херцеговина Бакир Изетбеговиќ и Младен Иваниќ, се согласија дека заедничкиот напредок на регионот ќе им помогне на државите во аспирациите кон ЕУ и НАТО, но и кон економски развој, тоа што е реална потреба на раѓаните, како и тоа дека ќе придонесе кон општа стабилност и безбедност.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Пожарот се приближува до куќите кај Трново – минско поле го спречува гаснењето

Горан Наумовски

БиХ го повлекува персоналот од Амбасадата во Белград: Односите со Србија ги сведуваме на минимум

A1on

Огнена стихија во БиХ и Црна Гора: Сараево се задушува во густ чад

Горан Наумовски