Заев: Италија е стратешки партнер на С. Македонија и на целиот Балкан

Од:

Претседателот на СДСМ Заев и генералниот секретар на партијата Николовски денеска во Скопје остварија средба со италијанска делегација предводена од министерот за надворешни работи и меѓународна соработка на Република Италија Луиџи Ди Мајо.

На средбата, пред се, стана збор за евроатлантската интеграција на Северна Македонија, актуелната политичка состојба во земјата пред парламентарните избори на 12 април, како и за билатерална соработка и економските односи меѓу двете земји.

Италија е стратешки партнер, не само на нашата земја, туку на целиот Балкан, истакна претседателот Заев и нагласи дека цврсто веруваме во евроатлантската иднина, што донесовме тешки и храбри одлуки, клучни за иднината на земјата.

Тој се заблагодари на целокупната поддршка што ја дава Италија на евроатлантската интеграција на земјата и изрази надеж дека Република Северна Македонија наскоро ќе добие добри вести од ЕУ.

Шефот на италијанската дипломатија Луиџи ди Мајо го поздрави напредокот што го оствари земјата, со што ги отвори вратите на најмоќниот воен сојуз.

Добредојдовте во НАТО, рече Мајо и изрази надеж дека на пролет, ќе започне да се имплементира и ЕУ проектот за Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Џамбаски: Димитар Ковачевски му го носеше кафето на Заев, името му е бугарска Али Експрес верзија

Орце Костов

Заев: 75 % од граѓаните се против референдум за договорот со Бугарија, останатите 25 % се вмровци

Маја Илиевска-Пачемска

Стоилковски: Дали луксузните имоти во кои престојуваат Заеви во Дубаи се нивна сопственост?