(ВИДЕО) Заев: ИО ќе дебатира за промена на името на партијата

Од:

Вечерва ќе се отвори и темата за промена на името на партијата, изјави премиерот Зоран Заев, пред почетокот на состанокот на Извршниот одбор на СДСМ.

„Има предлози да биде само Социјаледомкратки сојуз или Социјалдемократски сојуз на Северна Македонија“, рече Заев.

Во врска со барањето за предвремените парламентарни избори тој изјави дека направиле анализи, истражувања и консултации со меѓународната заедница, меѓутоа не сака да влијае пред одлуката на Извршниот одбор. Одлуката за избори ќе биде во интерес на државата, рече Заев.

За консензуален кандидат, премиерот рече дека негов предлог е да влезат во консултации со сите партии не само коалициски туку и со опозициски, вонпарламентарни и да се обидат да успеат бидејќи концептот е едно општество за сите.

За промена на името на државата од вечерва, Заев изјави дека новиот Устав треба да се почитува да се покаже дека земјата ги извршува обврските од договорот. Пасошите добиваат печат на Северна Македонија, а регистрациите бесплатно ќе бидат сменети во НМК, рече Заев.

„МВР има сериозни обврски, голем дел се завршени, ќе имаме печати на пасошите на излез од Грција, да се знае дека тоа е во сопстевност на Северна Македонија. За регистарциите, каде што стои МК ќе биде заменето со НМК односно „Норт Маседонија“ и тоа ќе биде бесплатно“, рече Заев.

Галена Николовска-Ризвановиќ 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?