А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: Кристијан Ландов
Македонија

Заев: Кажував се што знам за „Монструм“, за да се дојде побрзо до вистината

by Кристијан Ландов03/02/2020 - 13:2903/02/2020 - 13:34626
Share0

Aдвокатот Насер Рауфи одбрана на обвинетите за случајот „Монструм“, односно за петкратното убиство кај Смилковско Езеро во 2012 година, го испрашуваше доскорешниот премиер Зоран Заев за се што знае поврзано со случајот.

Следете a1on на Instagram Instagram

Рауфи на почетокот го праша Заев дали се среќавал со семејствата на осомничените за убиството, онака како што се среќавал со семејствата на убиените момчиња, на што тој кажа дека имал средба со братот на осомничениот Фејзи Азири, а се со цел да се дојде до вистината.

„Прислушуваните материјали се чуваа во мојата канцеларија, во делот каде што пристап имав само јас. Ниту еден член на правниот совет, без мое присуство немал допир до тие материјали. Јас ја исклучувам можноста некој да ми украл материјали, за јас да не ги предадам на СЈО”, рече Заев.

„Автор на предметот ‘Монструм’ е Синиша Алексовски, вака рековте, ве цитирам”, рече Рауфи.

Следете a1on на Youtube YouTube

На ова, Заев рече дека тој само кажувал се што чул од од јавноста, макар и да е од телевизија.

Заев претходно рече дека сите материјали ги доставил до СЈО, а дека дел од аудио снимките им ги пуштил, но не им ги дал на родителите. Заев пред судот изјави дека нема сознанија за вмешаност на лица во случајот ниту од неговата партија СДСМ, ниту пак од ВМРО-ДПМНЕ.

Случајот „Монструм“ го води судијата Огнен Ставрев, а застапници на обвинението се Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски. За петкратното убиство на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, во претходна постапка за случајот на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута. Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.

monstrumsudenjeZoran Zaev

Би можело да ве интересира

Груби не чувствува вина за случајот со злоупотребите во „Државна лотарија“

А1он07/09/2026 - 14:05

Артан Груби повторно на обвинителна клупа, закажано ново рочиште во скопскиот Кривичен суд

А1он07/09/2026 - 08:0007/09/2026 - 08:11

Судењето за убиството на Данка Илиќ се сели во Неготин – на обвинетите им се заканува доживотен затвор

А1он31/08/2026 - 17:12

Полицајците обвинети во предмет поврзан со пожарот во „Пулс“ не се чувствуваат виновни

А1он11/05/2026 - 15:3311/05/2026 - 20:20

Манасиевски: Филипче по стапките на Заев, подготвен да ги исполни бугарските барања на штета на Македонија

Катерина Ѓуровски10/05/2026 - 13:13

Почнува судењето за Стојанче Јовановски

Горан Наумовски30/03/2026 - 07:10
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео