Заев: Имаме одговорност да создаваме атмосфера во која насилството врз жените е неприфатливо

Од:

Сите ние, а особено, ние мажите, имаме општествена одговорност да создаваме атмосфера во која насилството врз жените е неприфатливо и срамно, напиша премиерот Зоран Заев на „Фејсбук“ по повод Меѓународниот ден за елиминација на насилство врз жените.

Во фејсбук статусот, Заев апелира до жртвите на семејно насилство да не молчат и случајот да го пријават во надлежните институции.

– Една од моите лични заложби е мирното решавање на сите конфликти низ разговор, низ дијалог, на достоинствен начин и со почит кон другите во политиката и во мојот приватен живот. Во период кога поради кризата со пандемијата од КОВИД-19 сите повеќе седиме дома, регистрирано е зголемување на насилството врз жените. Затоа, многу е важно жените да не молчат, да кажат НЕ на насилството и веднаш да пријават: www.mtsp.gov.mk/prijavi-semejno-nasilstvo.nspx., пишува Заев.

Потсетува дека политичките на Владата се насочени кон превенција и заштита на жртвите од насилство, а потврда за тоа се отворените шелтери за згрижување, ратификацијата на Истанбулската конвенција и најновиот Закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство.

Би можело да ве интересира

Психосоцијална помош и поддршка добиле 712 жртви на родово базирано насилство во првите шест месеци од годинава

Предраг Петровиќ

Маж ја истепал поранешната сопруга и син ја истепал мајка си

А1он

Интензивна соработка помеѓу институциите и невладиниот сектор за заштита на жртвите од семејно насилство

А1он

Шахпаска – Пејчиновиќ Буриќ: Преку системски политики против дискриминацијата и насилството врз жените

А1он

„Менструалната правда“ би ја чинела државата 0,08 отсто од вкупните расходи планирани за Буџетот за 2021 година

А1он

Обвинение за гостиварец кој ја истепал поранешната вереница

А1он