Заев: Имам грижа на совест за притворот на Едмонд Темелко

Од:

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски упати прашање до премиерот Зоран Заев дали има грижа на совест за притворот на Едмонд Темелко кој има сериозни здравствени проблеми.

Заев одговори дека чувствува грижа на совест за притворениот градоначалник на Пустец поради неговата сериозно влошена здравствена состојба при што кажа дека Судот треба да ја земе во предвид неговата состојба како олеснителна околност.

Апелирам до Судот, во вакви случаи што е можно повеќе да избегнува притвор. Притвор треба да има само кога е апла морално, рече Заев.

Милошоски реплицираше на овој одговор на Заев при што кажа дека Темелко при лоша здравствена состојба лежи во притвор иако не извршил тешко кривично дело, односно не убил никого, додека пак други лица кои направиле тешки кривични дела се пуштени на слобода.

На ова, премиерот Заев контрареплицираше и кажа дека законите треба да важат еднакво за сите и повтори дека притвор треба да има само кога тоа е навистина неопходно.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Џамбаски: Димитар Ковачевски му го носеше кафето на Заев, името му е бугарска Али Експрес верзија

Орце Костов

Заев: 75 % од граѓаните се против референдум за договорот со Бугарија, останатите 25 % се вмровци

Маја Илиевска-Пачемска

Стоилковски: Дали луксузните имоти во кои престојуваат Заеви во Дубаи се нивна сопственост?