Заев: Има подобри кандидати за претседател на Македонија од мене

Од:

Премиерот Зоран Заев очекува да се зголемува бројот на пратеници кои ќе го поддржат процесот за уставни промени. Тој смета дека осумте пратеници сè уште имаат влијание врз нивните колеги од ВМРО-ДПМНЕ и комуницираат со нив, па низ разговор и аргументи ќе помагаат на процесот.

„Ќе тежнеам кон тоа кон крајот на овој процес да имаме максимална консолидација во општеството за уставните амандмани. Во првата фаза имавме инклузивен процес, еве втората фаза во пленарната сала, па и на крајот со третата фаза може да ја зголемиме бројката од 80 пратеници“, рече Заев.

Премиерот сè уште го нема видено текстот од законот за амнестија, кој е предлог од осумте пратеници. Но како иницијатор за помирување, Заев смета дека закрвавеноста и омразата во општеството треба да се надминат. Прашан дали ќе се кандидира за претседател на Македонија, Заев негираше и додаде дека има подобри кандидати од него.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

СДСМ: Докажете или престанете да лажете за Филипче

Предраг Петровиќ

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

A1on

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

A1on

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска