Заев им оддаде почит на загинатите жители во трите опожарувања на Куклиш

Од:

Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, денеска, присуствуваше на панихидита која што се одржа во Куклиш, а по повод 185 години од првото опожарување, 112 години од второто и 104 години од третото опожарување на ова населено место.

Положи свежо цвеќе и им оддаде почит на загинатите жители од селото пред Спомен костурницата подигната во нивна чест. Со тоа, градоначалникот Заев уште еднаш ја потврди својата длабока почит кон историјата и паднатите борци кои своите животи ги положија во темелите на слободна и независна Македонија.

2

На обновувањето на спомените на паднатите борци во трите опожарувања на селото присуствуваа и пратеникот Панче Орцев, претседателот на Советот на општина Струмица, Јосиф Христов и членови на истиот, претставници на општинскиот одбор на Сојузот на борците, претставници на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и жители на селото Куклиш.
6

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев

Лефков: Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра?

Човекот на фотографијата што ја објави Лефков, не е приведениот за подметнување пожар, реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски

Возачот-потпалувач бил со Заев кога ги носеше „бомбите“ во СЈО, ВМРО-ДПМНЕ со фотографија тврди му бил близок

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека уапсениот за подметнување пожар е шофер на Заев: Возеше инспектори, не сум го видел од 2016 одговара екс премиерот

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче останува со потрчковците на Заев