Заев им го честита Меѓународниот ден на Бошњаците

Од:

Премиерот Зоран Заев во свое и во име на Владата им го честиташе денеска Меѓународниот ден на Бошњаците на сите припадници на бошњачката заедница во Македонија.

Тој им се заблагодари на припадниците на оваа заедница за тоа што придонесуваат за соживотот и развојот на Македонија и им порача да продолжиме заедно да ја градиме земјата во напредна држава и дом за сите.

– Упатувам искрени честитки до граѓаните во нашата држава за Меѓународниот ден на Бошњаците. Бошњачката заедница во Република Македонија дава активен придонес во демократските и општествените процеси, а со тоа и во напредокот и во развојот на Република Македонија. Низ пријателството и толеранцијата, грижата и разбирањето, трудољубивоста и соживотот кон што сте определени, вие почитувани граѓани, имате значајна улога во изградбата на Република Македонија во едно општество за сите и дом за сите граѓани, се вели во честитката.

Тој посочи дека бошњачката традиција е значаен дел и од културно наследство во Република Македонија и тоа богатството на различности е голема придобивка со која Македонија се гордее пред светот, а треба да сме горди и сите ние.

– Покажавме дека заедно можеме да ги менуваме работите на подобро. Се обединивме заедно во Македонија. Следниот наш чекор е да ја обединиме Македонија во евро-атлантското семејство, таму каде што припаѓаме како граѓани, независно на која етничка заедница припаѓаме. Ве повикувам да продолжиме да работиме заедно, да си помагаме и да се почитуваме. Ви благодарам што придонесувате во заложбите за квалитетен живот на сите граѓани во Македонија и за просперитетот на Република Македонија, се додава во честитката.

Би можело да ве интересира

Во енергетска криза, кланот Заеви и Филипче преку шема на фирми препродавале јаглен на ЕСМ три пати поскапо и профитирале, а граѓаните плаќале повисоки сметки за струја

Предраг Петровиќ

Манасиевски: Дали Филипче и Заев имале акции во индиска авиокомпанија и оттаму им се средствата за 50-катница во Дубаи

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните не може да очекуваат ништо од СДС, ниту од Филипче, кој сака да биде „втор Заев“

Горан Наумовски

Од тандемот Заев-Филипче Македонија и граѓаните само беа понижени и негативно претставени, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС, Филипче и Заев се синоним за криминал, неспособност и предавства

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче со години наназад ја уништуваа и ограбуваа државата