(ВИДЕО) Заев: Илија Димовски две и пол години го блокира изборот на државен ревизор

Од:

Премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање за заглавениот избор на државен ревизор прстот го впери во претседателот на Комисијата за избори и именувања, Илија Димовски кој според него ја кочи работата на оваа собраниска комисија.

Две и пол години имаме трпение и чекаме претседателот на комисијата за избори и именување, Илија Димовски, да го одблокира процесот за избор на нов државен ревизор.

Ова не е чесно ниту коректно кон граѓаните на државата, оној кој што е на функција не треба да заборави дека треба да носи одлуки согласно законот.

Токму поради тоа ние имаме една заробена институција, а загора на се му истече мандатот на заменик директорот на Државен завод за ревизија и ќе се соочиме со ситуација кога вработените таму нема да можат да земат плата.

На овој начин се заглавени и други закони: за АВМУ, за советот на МРТ, за судскиот совет и други важни закони.

Замолувам да се има доблест да работиме во интерес на граѓаните, без оглед дали сме политички противници или сме на иста страна, рече Заев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага