Заев и Касами сè уште без договор, неизвесен стартот на седницата за уставни измени

Од:

Седницата за уставните измени, која беше закажана па одложена, денеска може и воопшто да не се одржи. Неофицијално, се остава простор за уште еден обид за постигнување договор на премиерот Заев со Беса на Касами откако претпладнево не успеале да најдат решение за прецизна формулација на државјанството, како што бараат од оваа албанска опозициска партија.

Неофицијално еден од предлозите околу кои се обидувале да се договорат е наместо терминот „македонско“ во документите на албански јазик да пишува „од Македонија/ граѓанин на Република Северна Македонија“, по инсистирањето на Беса на Касами да се разграничи државјанството од етничката припадност. Со овој предлог неофицијално би се интервенриало во уставниот закон, но тоа не било прифатливо за пратеничката осумка независна од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

Во оваа насока беше и изјавата на премиерот Заев утринава кој рече дека иако не знае колку пратеници ќе дадат поддршка за уставните измени, се надева дека ќе биде постигнато двотретинското мнозинство.

„Беса е принципелно поставена во однос на идентитетот. Од другата страна се осумтте пратеници кои будно следат што ќе се случува со идентитетот. Државјанството е ‘македонско/граѓани на Република Северна Македонија’. Се наоѓаат технички формулации како да биде државјанството ‘македонско/граѓани на Република Северна Македонија’, но да се обезбеди другите да не почувствуваат дека се обесправени и дека се Македонци“, рече Заев.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Повторно даден еден час пауза, собраниската седница за пратенички прашања треба да продолжи во 17:10 часот

Собранието ги усвои двата закони за заеми кај Светската банка

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он