Заев и Хајндл разговараа за решенијата за надминување на политичката криза во земјава

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придужуван од заменик претседателската Радмила Шекеринска, денеска се сретна со германскиот сепцијален пратеник, Јоханес Хајндл, во рамките на неговата дводневна посета на Република Македонија.

На средбата се разговараше за актуелната политичка состојба во Македонија и длабоката политичка криза, како и за стратешките цели на земјава на патот кон ЕУ и НАТО.

Претседателот Заев и специјалниот пратеник Хајндл разговараа за модалитетите за свикување на Собранието и одложување на изборите, како и начинот за поништување на одлуката на Горге Иванов за аболиција.

Претседателот Заев посочи дека СДСМ останува посветена на процесот за враќање на слобдата, демократијата и правдата во Македонија.

„Интересот на Македонија и на сите нејзини граѓани е оваа криза што побрзо да заврши и земјата да зачекори кон сигурна и подобра иднина. Во Македонина може и мора да има слободни, фер, демократски и регуларни избори за што е неопходно исполнување на сите услови“, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија

ВМРО-ДПМНЕ: Потпишувањето на бугарскиот договор не е политичка волја туку финансиски интерес на Заев

(ВИДЕО) Николоски: Венко Филипче и СДС се во целосна координација на нивниот лидер во сенка-Зоран Заев

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев