Заев и Ципрас во сабота ќе добијат награда на Минхенската безбедносна конференција

Од:

За време на Минхенската безбедносна конференција, Зоран Заев и Алексис Ципрас ќе ја добијат наградата „Ewald von Kleist“ за Договорот од Преспа, објави утрово претседателот на конференцијата, Волфганг Ишнигер, на неговиот официјален „Твитер“ профил, јави дописничката на МИА од Атина.

„Причина за славење: Алексис Ципрас и Зоран Заев ќе ја добијат наградата Ewald von Kleist за 2019 (во чест на основачот на Минхенската безбедносна конференција), во сабота, за време на конференцијата“, напиша Ишингер на „Твитер“.

Во изјава за грчката новинска агенција АНА-МПА, претседателот на Минхенската безбедносна конференција и поранешен амбасадор на Германија вели дека Грција и Северна Македонија постигнаа историско достигнување.

„Во ера во која се ретки дипломатските успеси, надминувањето на долгогодишниот спор на Грција и Северна Македонија е пријатна разврска. Двете земји заедно постигнаа историско достигнување“, вели Ишингер во изјавата за грчката новинска агенција, пренесе МИА.

Би можело да ве интересира

Дали Зоран Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер, прашува ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Николоски: Венко Филипче и СДС се во целосна координација на нивниот лидер во сенка-Зоран Заев

Горан Наумовски

Заев му одговори на Мицкоски: Очаен обид на неспособниот премиер да го пренасочи вниманието на јавноста од неговите неуспеси

ВМРО-ДПМНЕ: Изборот на Мартин Костовски за кандидат за градоначалник е доказ дека Заев сеуште владее со СДС

ВМРО-ДПМНE: Филипче, Заев и СДС да одговорат како се стига до златна виза во Дубаи

А1он

Левица: Фамилиите Заеви, Филипче, Мицкоски со заедничка среќна дестинација – бугарски фирми во Петрич