Заев и Ципрас ќе бидат номинирани за Нобелова награда за мир

Од:

Добитничката на Нобеловата награда за мир, во 2015 година, Уидед Бушамауи ќе ги предложи грчкиот и македонскиот премиер, Алексис Ципрас и Зоран Заев за Нобелова награда за мир за следната година, поради потпишувањето на Преспанскиот договор.

Таа својот предлог ќе го претстави утре, на собир во Скопје, пренесе грчкиот сајт „ТВХС.гр“.

– Договорот од Преспа, во кој потписниците и медијаторите вложија огромна енергија, го гледам како исклучително значаен процес кој заслужува да биде номиниран за Нобеловата награда за мир. И Генералниот секретар на ОН Гутереш, деновиве повторно го истакна тој Договор како пример кој може да биде модел за решавање на проблемите во светот, вели Бушамауи.

На денешната средба со претседателот на Собранието Талат Џафери, Бушамауи изрази поддршка за мирот, стабилноста и безбедноста и ги поздрави напорите на двете страни за избегнување на конфликти и за изнаоѓање мирно решение на отворените прашања, покажувајќи на тој начин дека проблемите можат да се решаваат преку дијалог.

Ја потенцираше и важноста двата парламента да ги завршат започнатите активности, бидејќи овој модел е високо ценет од меѓународната заедница и истиот треба да служи како инспиративна лекција за целиот регион.

На церемонијата ќе присуствува европратеникот Стелиос Колуглу од грчката партија Сириза, кој ја поддржува номинацијата.

– Овој договор заслужува Нобелова награда за мир. Ако зборувате со кого било во Европарлментот, од левицата или од десницата ќе ви го кажат истото. Дека е фундаментален договор за стабилноста и мирот на Западен Балкан и многу ќе придонесе за стабилноста на цела Европа. И не само тоа, туку е и модел за решавање спорови што може да биде репродуциран во други конфликти, рече Кулоглу.

На утрешната церемонија, покрај Бушамауи и Кулоглу, ќе се обратат и ректорот на ФОН Нано Ружин и генералниот менаџер на Првиот приватен универзитет Сефер Цаноски.

По церемонијата во Скопје, на 19-ти декември, Бушамауи, Ружин, Цаноски и Кулоглу заминуваат во Атина, каде што ќе се сретнат и со грчкиот премиер, Алексис Ципрас, за официјално да му ја соопштат иницијативата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Затворената иранска активистка Наргес Мохамади е добитничка на Нобеловата награда за мир

Норвешкиот писател Јун Фосе добитник на Нобеловата награда за литература

Научниците кои го овозможија развојот на вакцината против корона ја добија Нобеловата награда

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска