Заев-Хекер: Германија внимателно ги следи преговорите за името

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев вечерва го прими во посета советникот за надворешна политика на Канцеларката на СР Германија Ангела Меркел, Јан Хекер.

Советникот Хекер, кој на средбата во кабинетот на премиерот Заев беше во придружба на амбасадорот на СР Германија во нашата земја Томас Герберих, му пренесе поздрави на премиерот Заев во име на Канцеларката Меркел, со порака дека Република Македонија и земјите на Западен Балкан се меѓу главните приоритети на СР Германија кога се во прашање европските политики на нејзината земја.

Господинот Хекер му пренесе на премиерот Заев дека Берлин и понатаму внимателно ќе го следи процесот на разговорите за името на Република Македонија со Република Грција, и дека го охрабрува дијалогот од кој се очекува решение кој на Република Македонија ќе и го отвори процесот за членство во ЕУ, и дека ќе се оствари отворената покана за полноправно членство во НАТО како сојузници на СР Германија и другите земји членки.

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев го информираше господинот Хекер за претстојните чекори и средби во разговорите со Грција за прашањето за името, и дека досегашните постигнувања и, особено изградениот амбиент на доверба меѓу двете земји, го отвори процесот за изнаоѓање за заеднички прифатливо решение за ова прашање.

Премиерот Заев го информираше господинот Хекер за динамиката на имплементацјата на реформските процеси и закони од Планот 3-6-9, како и за заложбите што се вложуваат во реализацијата на концептот „Едно општество за сите“.

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев говореше и за комуникацијата со најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, и информираше дека во таа насока настојува да биде обезбедена редовна размена на информации и нормализација на парламентарниот процес.

Би можело да ве интересира

Волк нападна осумгодишно девојче во зоолошка градина во Германија

А1он

АфД бара укинување на Европскиот парламент и промена на еврото

Захарова: Русија не се откажува од своето хуманитарно и културно присуство во Германија

Германија, Италија и Белгија бараат право да блокираат прописи на ЕУ

Мерц: Реформите ми се поважни од популарноста, не сакам да бидам миленик на нацијата

Затворен аеродромот во Нирнберг поради вонредна ситуација во авион

Катерина Ѓуровски