На една од снимките меѓу премиерот Никола Груевски и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески кои ги објави денес на прес конференција Зоран Заев, е разговорот по уривањето на објектот Космос.
Јанакиески по уривањето, според снимката го цитира сопственикот на Космос Фијат Цаноски во која тој вели:
Ајде срушете го јас пак ќе градам.
Тој појаснува дека уривањето оди тешко бидејки објектот бил квалитетно изграден полн со бетон, а на работниците им било страв да стават повеќе динамит.
Транскрипт
НГ: Миле!
МЈ: Молам?
НГ: Ова што ми пиша ти. Не мора да го довршуваме, штом е онеспособено, ние сме ја завршиле работата. Не ни треба визуелен аспект, како што викаш, во овој случај.
МЈ: Пуштив слики. Сега имаше на Алфа многу добра снимка, од кај него сликале.
НГ: И шо има на Алфа?
МЈ: Снимката ја имаше убаво дадено, како експлозијата и изјава тој даваше.
НГ: И тој шо вика? Цврста е зградата, не можат да ја срушат?
МЈ: Не, викаше дека, ајде срушете ја побрзо, јас пак ќе ја градам.
НГ: Аха. Јас мислам да не, ако е онеспособена како шо кажуваш, да не продужуваме, нека си ја доруши он.
МЈ: Скроз, значи во воздух летаа, ја не знам како се држи.
НГ: Аха.
МЈ: Најверојатно во средината, сега зборев со овој професорот. Има, многу ме изнервира денеска, ми се крена притисокот. Лифт има и полн е со бетон лифтот и вика тоа ја држи, и второ вика, оти правена е самата зграда за 16 спрата, вика многу бетон има турено во првите три спрата, а само 5 се изградени и му било страв да стават повеќе динамит, вика, можеше да настане компресија и да уништиме куќи. Тогаш ќе направевме контра ефект.
НГ: Така.
МЈ: Викам, ок сеа.
НГ: Ја мислам да застанеме тука. Нека си стои зградата. Така?
МЈ: Добро.
НГ: Он ако стварно има план да ја гради, сам ќе си ја доруши, така?