(ВИДЕО) Заев: Груевски нарачува триесетка со кромид, разговорите за Нешкоски потврдија како се владеело

Од:

„Новообјавените разговори за убиството на Мартин Нешкоски само потврдуваат како владеела претходната гарнитура и како се обиделе да скријат убиство“, вели премиерот Заев на прашањето дали чувствува одговорност за објaвувањето на „бомбите“ и насилните протести што се случија.

– Алудирајќи на делот од разговорите каде Груевски вели триесетка со кромид да му дадете на осомничениот за убиството, потврдува дека влијаеле и се мешале во судството, смета Заев.

„Таму има уште многу разговори и јасно во сите се гледа дека се обидуваат да скријат убиство и да монтираат притвор и тоа го потврдувам“, рече Заев.

„И мене ми доаѓаше да ја кршам оградата на Владата затоа што се однесуваа како богови и одлучуваа за човечки судбини“, додаде Заев на прашање дали чувствува одговорност за сечење и монтирање на материјалите и за инцидентите по објавување на „бомбата“ за Нешкоски.

Би можело да ве интересира

Груевски: Македонија станува протекторат, народот прави црни листи на избори, а не други држави

Врховниот суд пресече за „Плацеви на Водно“ – за Груевски останува казната од Апелација

Османи: Груевски треба да биде во Македонија и тука да се соочи со правдата

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Џафери: Добив материјал со измените на Кривичниот законик, но не од Груевски

Орце Костов

Мицкоски: Преписката со Груевски не ме прави среќен, но нема да прифатам валкани сценарија за промена на Уставот

А1он