(АУДИО) Заев: Груевски нарача уривање на инвестицијата „Космос“ на Фиат Цановски

Од:

Нови докази за вистинското лице на Никола Груевски, суровоста и одмазничкиот порив на овој човек. Веднаш по изборите во 2011 година, по директен налог се руши милионската инвестиција на Фиат Цановски, Космос. Никола Груевски лично ја контролира целата акција и нарачува менување планови, медиумски сензации за да се оправда пред меѓународната заедница.

Миле Јанакиески и нарачателот Никола Груевски. Слушате како Груевски диктира кога да се достави решението за рушење на Космос, рече Заев.

Транскрипт

МЈ: Ало.
НГ: Ало?
МЈ: Да.
НГ: Миле?
МЈ: Молам.
НГ: Утре терај си со тоа што беше за во петок у план.
МЈ: Утре?
НГ: Да.
МЈ: Тоа што ви пуштив порака така?
НГ: Да де да. Има ли причина да одлагаме? Нема.
МЈ: Не не не, тоа е тоа.
НГ: За тој ФЦ.
МЈ: Добро.
НГ: За тој разговараме така, за ФЦ?
МЈ: Да да да. Ок.
НГ: Имаш од него јавувања некои?
МЈ: Не не не. Мислам дека не знае. Или пак е опуштен. Не знам.
НГ: Ти ќе имаш контрола он кога ќе го добие?
МЈ: Па утре би го добил. Ќе му пуштиме специјален, препорачано, преку пошта ќе организирам, да му го даде одма на рака.
НГ: Таму некаде кај три саат, четири, да му го дадат.
МЈ: Добро.
НГ: Накај 3, да не е ептен одсабајле, околу три нека му го дадат.
МЈ: Добро.
НГ: Ајде.

Би можело да ве интересира

Поради наводно подметната бомба евакуирана болница во Москва

Горан Наумовски

Експлодира бомба во центарот на Атина, оштетена зградата на Министерството за труд

Дојава за бомба во РТС

По дојава за поставена бомба: Затворени 27 училишта во Белгија

Детали за инцидентот во Призрен: По тепачката фрлена e рачна бомба, десет лица се повредени

Горан Наумовски

Дојава за бомба во Нови Пазар, евакуирани се ученици од основно училиште

Горан Наумовски