(АУДИО) Заев: Груевски му наложува на Јанакиески да го збрише Космос

Од:

Лидерот на СДСМ Зоран Заев на прес-конференција објави снимка од разговор меѓу премиерот Никола Груевски и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, каде министерот според снимката добива налог како да се збрише Космос.

„А да го направиме просторот убав парк со фонтани и со чуда? Ќе му го експроприраме земјиштето“, вели Груевски на снимката што ја објави Заев.

Транскрипт

НГ: Миле ми текна друга варијанта. Ние да го смениме таму ДУП-от?
МЈ: Ама зборевме за тоа одамна, ОК.
НГ: Епа што чекаме, ако е ОК?
МЈ: Не, ама ме прашавте вие за тоа пред едно пет-шест месеци, јас ви кажав и вие рековте ОК. И не искомунициравме после.
НГ: Е зашо?
МЈ: Не знам.
НГ: Да го напраиме еден убав парк, со фонтани со чуда. А? Ќе треба да му ја експроприраме земјата.
МЈ: Не. Не мора ништо да правиме не може да гради. Доволно е, по мене, доволно е да му се намалат и габаритите нему.
НГ: И?
МЈ: Нема да има исплатливост. Ќе стаиме пе (П) плус пет и…
НГ: Како пет, Пе плус два.
МЈ: Добро сега, Пе плус, некоја големина, Пе плус еден нека биди и нема во јавност да речи дека еве не му даваме да гради а нема да гради…
НГ: А половина парк да го направиме а половина Пе плус два?
МЈ: Вака. Јас сега одам за Босна, се враќам утре вечер, ќе седнам, ќе ви кажам што може да се направи, минимум што може да се направи.
НГ: Чуј се со Тони, ја му кажав на Тони, вика кажете му на министерот Миле, ако он застане позади мене ќе го туркам ова.
МЈ: Не е проблем бе готово.

НГ: Ама треба брзо. Оти он ќе нагази у Суд, ќе нагази сегде и ќе дојде во ситуација Управен инспекторат ќе му застане ептен у врат на овој. Треба некако да се убрза тоа, септември, октомври да го изгласаме, во Совет.
МЈ: Готово, готово, готово. Утре вечер ќе седнам и ќе….
НГ: Најдобро е сега ти да се чуеш со него, да му дадеш први задачи што да прави а утре вечер да се видите.
МЈ: Важи, готово.
НГ: Ајде.

Би можело да ве интересира

Организаторите на пучот во Германија купувале оружје и во Хрватска

Горан Наумовски

Пучдемон бара од Општиот суд на ЕУ да му го врати европратеничкиот имунитет за да избегне екстрадицијата во Шпанија

Ана Ололовска

42 илјади евра ќе му плати државата на Верушевски зашто бил неосновано притворен

Васко Маглешов

(ВИДЕО) Судот со двојни аршини: За „Пуч“ дозволи, за 27 април обвинението се оценува без јавноста

Васко Маглешов

Верушевски за душевна болка бара 71 илјади евра од државата зашто бил неосновано уапсен и притворен

Васко Маглешов

ВИДЕО: Ако не чуле обвинителите досега, еве сега нека истражат кој нè местел во „Пуч“, повика Заев

Васко Маглешов