Заев: Груевски да си дојде дома, од тука да коментира ако има што да каже

Од:

Би било поцелисходно Никола Груевски да си дојде дома и да продискутираме ако има што да каже, вака денеска премиерот Зоран Заев ја прокоментира фејсбук-објавата на неговиот претходник од Будимпешта.

Заев нагласи дека Груевски има право да коментира како што мисли, но ако сака вистински да помогне, многу поцелисходно би било тоа да го прави од тука.

-Груевски да си дојде дома, да продискутираме ако има што да каже. Се што почнала минатата Влада и што е добро, ние го продолживме. Сите можеме да помагаме, но највеќе ако сме дома. Денес е демократија, слобода. Може експремиерот да си коментира секојпат како што мисли, тоа е негово право, но било поцелисходно да дојде дома и тука да ги прокоментираме идните развојни можности на државата, рече Заев.

Според премиерот, се што почна минатата Влада и што е добро, сегашната го продолжила.

-„Скопје 2014“ не го продолживме, зашто не беше добар проект. Но, инвестирањето во патиштата, ТИРЗ-овите, привлекувањето странски инвестиции и нивната натамошна поддршка ги продолжуваме, истакна Заев, одговорајќи на новинарски прашања по посетата на американската компанија за производство на електронски компоненти „Кемет Електроникс“.

Би можело да ве интересира

Груевски: Македонија станува протекторат, народот прави црни листи на избори, а не други држави

Врховниот суд пресече за „Плацеви на Водно“ – за Груевски останува казната од Апелација

Османи: Груевски треба да биде во Македонија и тука да се соочи со правдата

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Џафери: Добив материјал со измените на Кривичниот законик, но не од Груевски

Орце Костов

Мицкоски: Преписката со Груевски не ме прави среќен, но нема да прифатам валкани сценарија за промена на Уставот

А1он