А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

(ВИДЕО) Заев: Грција ќе помогне да добиеме датум за преговори со ЕУ

by А1он14/11/2019 - 20:0914/11/2019 - 21:22448
Share0

Грција ќе помогне да добиеме датум за почеток на преговорите со ЕУ, а спроведувањето на Преспанскиот договор ќе оди според предвидената динамика, изјави премиерот Зоран Заев по средбата во Солун со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Имплементацијата на Преспанскиот договор треба да оди со позитивната и предвидена динамика и ние работиме на двете страни буквално по ова прашање. Фокусот ни беше на Европскиот совет, одлуката која беше на Европскиот совет. Имав прилика од прва рака да добијам информација како се дискутирало, кои се очекувањата. Премиерот на пријателска Република Грција ќе се бори за нашата земја за конечно да го добие датумот за почеток на преговори и јас сум среќен поради тоа, изјави вечерва по средбата премиерот Зоран Заев.

Премиерот, како што рече, ми образложи детално кои се неговите активности, планови, како да ги направи чекорите и да ни биде од помош.

Следете a1on на Youtube YouTube

– Зборуваме за граничните премини. Зборуваме дека е добро е што се гради преминот Маркова нога. Зборувавме дека меѓународната експертска група треба да продолжи со разговорите и состанокот за да ги најде решенијата прифатливи секако за двете страни. Верувам дека се наоѓа прифатливо решение за оваа работа, треба да ги продолжат разговорите, веќе комуницираат самите комори кои ќе бидат од голема помош. И знам дека ќе изнајдеме прифатливо решение кое навистина ќе биде за бизнисмените, за производителите, за компаниите, и од Република Северна Македонија и од Република Грција, рече Заев. Додаде дека зборувале да дадат насоки за нивните кабинети да продолжат во тој правец.

Средбата Заев – Мицотакис се одржа во рамки на четвртиот Самит во Солун.

Премиерот Заев претходно се сретна и со поранешниот градоначалник на Солун, Јанис Бутарис.

– Добрите пријатели на нашата земја остануваат посветени на одржување и продлабочување на пријателските односи меѓу Северна Македонија и Грција. Секоја средба со поранешниот градоначалник на Солун Бутарис носи нешто ново. Ме извести дека идната недела ќе посети неколку градови во нашата земја како дел од програмата за поврзување на градовите од двете земји. Се согласивме дека секоја бизнис-инвестиција е инвестиција во пријателството за подобра заедничка иднина за граѓаните на двете земји“, објави Заев на „Фејсбук“.

eugrcija

Би можело да ве интересира

Кошта: Усвојувањето на уставните измени останува единствен начин за почнување на пристапните преговори

Предраг Петровиќ02/06/2026 - 19:58

Кнајсл: ЕУ нема да може да се договори кој ќе преговара со Русија

Горан Наумовски31/05/2026 - 20:44

Кремљ ѝ порачува на ЕУ: Ги преминавте сите црвени линии

Горан Наумовски31/05/2026 - 17:08

Километарски колони и доцнења на граничниот премин „Евзони“ за влез во Грција

Горан Наумовски30/05/2026 - 12:5230/05/2026 - 22:24

Петрова: Бугарските услови остануваат дел од патот на Македонија кон ЕУ

Горан Наумовски30/05/2026 - 11:19

Грција разгледува мерки за олеснување на протокот на патници и возила на граничните премини

Катерина Ѓуровски29/05/2026 - 10:08
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто