Заев го повикува Судскиот совет да ја оцени одговорноста на судиите за застарување на предметите

Од:

Премиерот Зоран Заев денеска во објава на Фејсбук го повика Судскиот совет да ја оцени одговорноста на судиите за застарување на некои предмети.

– Ајде кажете ни кој тоа влијае врз судиите, зошто неколку десетици предмети се чувале завршени и останале во фиоките на бившиот претседател на Врховниот суд?, наведува Заев во објавата.

Тој натаму потенцира дека нема да има компромис со криминалот.

– Нема таков суд, судија, обвинител што ќе го запре овој процес! Нема шанси! На овој наш пат треба да ја завршиме и борбата за правдата!, додава премиерот во објавата на Фејсбук.

Претседателот на Судскиот совет, Киро Здравев вчера изјави дека контролата на работата на судиите треба да се изврши согласно Уставот на земјата и важечките закони за судови и за Судскиот совет.

Според Здравев, Судскиот совет годинава побарал одговорност од дури 75 судии, за разлика од лани и во 2017 година кога имало десетина барања.

За повиците прочистувањето на правосудните органи да почне токму од Судскиот совет, Здравев вели дека не ги доживува како притисок врз судската власт.

Би можело да ве интересира

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

(ВИДЕО) Aндоновска: Заев, Филипче и Николовски, дозволиле 2.000 тони пченица и јачмен од државните резерви да заврши на црниот пазар

Горан Наумовски

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија

ВМРО-ДПМНЕ: Потпишувањето на бугарскиот договор не е политичка волја туку финансиски интерес на Заев