(ВИДЕО) Заев: Го почитувам правото на опозицијата да ги користи сите права за постапување, очекувам разумност

Од:

„Се борев за враќање на демократијата во Македонија. Еве ја демократијата и го почитувам правото на опозицијата да ги користи сите демократски права и начини на постапување во законодавниот дом и насекаде. Мене ме загрижува што ќе се случи со реформите кои се битен услов за добивање препорака за Македонија сега во вакви услови кога ќе се блокира работата на Собранието со поднесените амандмани за Законот за употреба на јазиците“, изјави денеска премиерот Зоран Заев пред кривичниот суд во Скопје, каде се одложи рочиштето за случајот „Поткуп“.

Тој очекува опозицијата да биде разумна во врска со поднесените 35 илјади амандмани за Законот за употреба на јазиците и да не го блокира Собранието, особено сега кога земјава има шанси да добие препорака за почнување на преговорите за членство во ЕУ.

Заев вели дека во принцип поддржува широка дебата за сè, па така и за овој закон и изрази надеж дека на координацијата, парламентарните партии ќе се договорат согласно Деловникот како ќе се одвива работата на Собранието по поднесените илјадници амандмани.

Во врска со спорот за името, Заев изјави дека ставот на СДСМ е да се изнајде решение заедно со опозицијата и на крајот конечното решение да биде потврдено на референдум.

– Тоа не е толку страшно, трагично или невозможно, реферндумот се организира согласно законите, во брза постапка. Ако застанеме сите, пред се политичарите да ги соопштиме своите ставови, ќе му помогнеме на нашиот народ, а нашиот народ ќе излезе и ќе си го каже својот став. Ова е премногу суштествено прашање, но јас на оваа работа не гледам како на кочница или бариера, гледам како дополнителна гаранција за Република Грција дека конечно ова решение е трајно и конзистентно, рече Заев.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

СДСМ: Докажете или престанете да лажете за Филипче

Предраг Петровиќ

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

A1on

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

A1on

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска