Заев го извести Рејндерс за нарушените слободи и права на граѓаните

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев и заменик претседателката Радмила Шекеринска имаа средба со белгиска делегација предводена од министерот за надворешни работи и европски прашања на Кралството Белгија, Дидие Рејндерс.

Нарушените слободи и права на граѓаните, узурпацијата на правосудството, на медиумите и на државниот систем од страна на Никола Груевски и неговите соработници и можните излезни решенија, беа темите на разговорот.

-Нов републички јавен обвинител, нов обвинител за организиран криминал, средување на состојбите во медиумската сфера и преодна Влада којашто ќе ги организира и спроведе следните избори во Македонија се инсистирањата на СДСМ во насока на излез од ситуацијата во којашто се наоѓа Македонија, изјави претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Тој го објасни скандалот со прислушувањето и обелоденетите криминално – корупциски афери во коишто се инволвирани Никола Груевски и најтесниот врв на власта, поради што оваа Влада повеќе нема легитимитет пред граѓаните на Македонија.

На средбата стана збор и за притисоците што продолжува да ги прави Груевски врз правосудството како и за следните чекори на СДСМ и на опозицијата.

-СДСМ е решена да ги врати слободата и демократијата во Македонија и од тоа отстапки нема да има, соопшти претседателот Зоран Заев на министерот за надворешни работи и европски прашања на Кралството Белгија, Дидие Рејндерс.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Еве го документот, зошто новото задолжување го нема во ребалансот, дали ќе се прекрши законот

СДСМ со ново барање до Владата: Минималецот да скокне на 36.000 денари

СДСМ: Мицкоски може да ја менува статистиката, но долгот расте

(ВИДЕО) Фрчкоски: ДКСК да ја прошири истрагата за Андоновски со новата фирма „Нома солушнс“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Фрчкоски: Трансформирање на тендери од 1,5 милиони евра во министерството на Андоновски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Мицкоски брутално ја задолжува Македонија – 4 милијарди евра за само две години