Заев го демантира Милошоски: Не сум кажал дека Јанева ќе оди во домашен притвор

Од:

Премиерот Зоран Заев денеска ги демантираше вчерашните обвинувања од пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ дека на лидерската средба кажал оти специјалната јавна обвинителка Катица Јанева за 10 дена ќе биде пуштена во домашен притвор.

– Строго ги деманитрам ваквите лаги бидејќи на лидерската средба кога се отвораше дебатата зошто воопшто се преговара кога предметите поминуваат во Јавното обвинителство, мојот коментар беше оти од Ирена Фрчковска сум информиран дека е логично Јанева да бара да ги достави предметите заради одговорност, но веројатно и жената да си бара олеснителни мерки во истрагата заради невлијание на сведоците, невлијание на предемтите. И тоа е коментарот за да продолжиме да преговараме. Вака некој со лаги тоа да го злоупотреби е нечесно кон јавноста и нека му е на чест на Милошоски, изјави Заев пред денешниот настан во хотелот „Хилтон“.

Во однос на разговорите за законот за јавното обвинителство, Заев рече дека преговорите продолжуваат со цел да се најде решение кое ќе биде поддржано со двотретинско мнозинство или со консензус.

Решение, рече Заев, мора да се најде, иако предметите се обезбедени и одат под надлежност на јавниот обвинител.

– Денеска почнуваме со писмена иницијатива на тоа што го разговаравме. Продолжуваме да разговараме и со ВМРО-ДПМНЕ и со другите партии во Парламентот за да изнајдеме решение. Не се откажуваме. Мислиме дека можеме да најдеме решение. Принципилено сме поставени. Апсолутно мислиме дека авангардни чекори поставуваме отворајќи како понуда обвинителство за гонење на висока корупција кадешто обвинителот ќе биде на предлог на опозицијата, а Парламентот ќе го бира, истакна Заев, додавајќи дека писмените предлози ќе ги каже министерката за правда Рената Дескоска.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните не може да очекуваат ништо од СДС, ниту од Филипче, кој сака да биде „втор Заев“

Горан Наумовски

Од тандемот Заев-Филипче Македонија и граѓаните само беа понижени и негативно претставени, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС, Филипче и Заев се синоним за криминал, неспособност и предавства

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче со години наназад ја уништуваа и ограбуваа државата

ЗНАМ: СДСМ и Венко Филипче апсолутно немаат политички кредибилитет, ниту легитимитет да нудат било какви концепти за Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Колку украде двоецот Заев-Филипче од македонските граѓани за да може да има интернационални бизниси?