Заев ги пребројува пратениците, неизвесен е почетокот на седницата

Од:

Постојаното одлагање и презакажување на седницата за уставните амандмани продолжува и денеска. Неофицијално е презакажана за 15 часот, но како што брифираат дел од пратениците седницата ќе почне кога ќе биде обезбедено двотретинското мнозинство.

Премиерот Зоран Заев од утринава одржува средби со пратениците кои условуваат да гласаат за уставните измени ако се исполнат дел од нивните барања. Последните информации се дека Заев веќе се сретнал со пратеничката осумка независна од ВМРО-ДПМНЕ, како и со претставници на Беса на Биљаљ Касами кои не сакаат да отстапат од барањето за прецизна формулација на државјанството каде наместо „македонско“ во документите на албански да стои „државјанин на Република Северна Македонија“. Неофицијално Теута Биљали од Беса прифатила да даде поддршка додека пратеникот Фадил Зендели не сакал да отстапи.

Според неофицијални информации Заев разговарал и со дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, но оттаму не потврдуваат со образложение дека Христијан Мицкоски има состанок со пратеничката група. Сепак не ја исклучуваат можноста да има нови исклучувања ако некој не ја послуша партиската директива и гласа за уставни промени.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Како што потврди дека Заев гради 42-катница, сега Филипче да одговори како ја стекнал златната виза и на кое име му е станот во Дубаи?

Предраг Петровиќ

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Радев очекува побрза ЕУ интеграција на Македонија одма после уставните измени

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

(ВИДЕО) Aндоновска: Заев, Филипче и Николовски, дозволиле 2.000 тони пченица и јачмен од државните резерви да заврши на црниот пазар

Горан Наумовски

Мицкоски повтори дека нема намера да го менува Уставот без гаранции од Европската унија