Заев ги образложи уставните амандмани, седницата продолжува денес

Од:

Да се издигнеме над делбите и да гледаме како се вее нашето знаме пред Брисел порача премиерот Зоран Заев на продолжението на денешната собраниска седница за уставните амандмани и ги повтори аргументите дека со уставните измени е гарантиран јазикот и идентитетот.

„Вашиот глас е за полноправно членство, а секој глас ‘против’ е за изолација, неизвесност. Светот гледа и очекува државничка одговорност на страна од партиската припадност. Имавме инклузивен процес во сите фази на уставните амандмани. Да се заблагодарам на СДСМ и коалицијата, ДУИ, ДПА, Беса, и осуммината независни пратеници од ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Заев и додаде дека тие се конструктивна опозиција за разлика од остатокот, а посебно му се заблагодари на Панчо Минов за придонес во предлозите вградени во амандманите, како и на БЕСА на Касами и Алијансата за Албанците.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, како и пратениците од Беса на Касами, не присуствуваа на продолжението на собраниската седница.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, претходно на прес-конференција пред Собранието порача дека нема да дадат летимититет за промена на Уставот и дека ќе го искористи своето право на демократски протест, по што со неговите сопартијци се приклучија на протестот на „Македонија блокира“.

Седницата за уставните амандмани продолжува денес.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Како што потврди дека Заев гради 42-катница, сега Филипче да одговори како ја стекнал златната виза и на кое име му е станот во Дубаи?

Предраг Петровиќ

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Радев очекува побрза ЕУ интеграција на Македонија одма после уставните измени

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

(ВИДЕО) Aндоновска: Заев, Филипче и Николовски, дозволиле 2.000 тони пченица и јачмен од државните резерви да заврши на црниот пазар

Горан Наумовски

Мицкоски повтори дека нема намера да го менува Уставот без гаранции од Европската унија