Заев: Функционерните, членовите и приврзаниците на сите партии да се воздржат од навреди и клевети

Од:

Деновиве за жал видовме засилена употреба на навредлива содржина на социјалните мрежи, што не смее да биде прифатливо за кое било демократско општество, какво што е и нашето, напиша денеска на Фејсбук претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

-Во овој важен момент, а пред да започнат предизборните кампањи, ги повикувам членовите и приврзаниците на сите политички партии, вклучително и на мојата СДСМ, како и сите функционери, да бидат одговорни во јавната комуникација, да избегнуваат и да отфрлаат говор кој содржи или може да поттикнува навреди и клевети и секогаш да иницираат суштински дебати по однос на важните прашања, истакна Заев.

Тој додаде дека СДСМ е против секаков вид говор на омраза, расизам и ксенофобија во нашата држава.

-Тоа секогаш остро сме го осудувале и ќе го осудуваме без разлика од каде доаѓа таквиот говор. Тоа, секако се однесува и на говорот кој на каков било начин е антисемитски или така може да се толкува. Ние сме партија предводник на концептот Едно општество за сите – концепт кој ја препознава и признава различноста како водечка сила на нашето општество, напиша тој во статусот.

Лидерот на СДСМ додаде дека фактот што македонската Влада има министерка од еврејската заедница, свои претставници во управниот одбор на Фондот на холокаустот на Евреите, а СДСМ има организационен секретар кој беше раководител во Музејот на холокаустот, е само дополнителен бенефит кон градењето заедничко општество.

Би можело да ве интересира

Заев: Како што никој не веруваше во приказната за „отсјајот во теретаната“, така никој не верува дека Мицкоски не бил информиран доволно за новите протоколи

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Заев: Следува рекордно намалување на невработеноста и рекорден раст на платите

Неизвесен законот за ЈО пред распуштање на Парламентот, СДСМ подготвен за разговор, ВМРО анализира

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Заев: Преку солидарно донирање да им помогнеме на бездомните семејства што се сместени во згрижувачкиот капацитет во Визбегово

Предраг Петровиќ

Заев на средба со Стопанска комора на Македонија: Создаваме креативна, модерна, дигитална економија

Пропаднаа преговорите на власта и опозицијата, нема договор за законот за ЈО

Предраг Петровиќ