Заев со францускиот сенатор Кадик: Поддршка за успешен референдум и за интеграциите на Македонија

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, попладнево се сретна со Оливие Кадик, сенатор од Република Франција и претставник на француските државјани надвор од Франција, придружуван од амбасадорот на Република Франција во Република Македонија, Кристијан Тимоние.

Ве поддржуваме на патот кон интеграциите, побрзајте е пораката што ја пренесе францускиот сенатор Кадик. Тој оцени дека претстојниот референдум во Македонија е премин кон продолжување напред.

Премиерот Заев рече дека очекува успешен референдум во Македонија.

-Верувам дека референдумот ќе успее, затоа што големо мнозинство од граѓаните во Македонија е за членство на нашата држава во НАТО и ЕУ. А сите граѓани сакаат и заслужуваат квалитетен живот во својата родна земја, што ќе го овозможат тие интеграции, рече премиерот Заев.

Тој се заблагодари за поддршката што Франција и ја дава на Македонија во интеграциските и демократските процеси и упати поздрав до претседателот на државата, Макрон.

-За нас поддршката од пријателите од меѓународната заедница е голема мотивација во нашата определба да продолжиме напред и да се интегрираме во сојузите на демократскиот свет, рече премиерот Заев.

На состанокот, амбасадорот Тимоние го поздрави начинот на којшто Македонија ги реши билатералните прашања со соседите, во интерес на стабилноста, безбедноста и перспективите на целиот регион и изрази надеж дека ваквата пракса ќе биде охрабрување за сите држави од регионот.

На средбата е изразена заедничка согласност за унапредување на економската соработка меѓу двете држави.

Би можело да ве интересира

Уапсени двајца од четиричлената група крадци од Лувр

Предраг Петровиќ

Франција се подготвува за војна со Русија

Лувр е повторно отворен

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен

Лекорни ја избра својата нова „екипа“

Макрон: Планот за Газа мора да доведе до мир преку решение со две држави