(ВИДЕО) Заев: Ерата на локални шерифи заврши

Од:

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев од пред Владата на Република Македонија на граѓаните им ја честиташе слободата. Тој изјави дека ерата на локални шерифи заврши, после овие слободни избори на кои граѓаните слободно ја изразија својата волја.

– Македонија на денешните локални избори демонстрираше слободна волја и со тоа сите граѓани победија. Народот даде поддршка за едно општество и поддршка за економски раст и развој на државата, рече Заев.

Тој наброи некои од општините каде Социјалдемократскиот сојуз издвојуваше победа.

Владејачката партија во првиот круг победи во Ѓорче Петров, Центар, Карпош, Аеродром, Зелениково, Куманово, Кратово, во Струмица со над 6000 гласа разлика, Прилеп, Битола, Велес, Охрид и во други останати општини.

Лидерот на СДСМ информираше и за резултатите во трката за градоначалник на Град Скопје, каде што кандидатот на СДСМ, Петре Шилегов засега води со 21.800 гласови разлика, односно Шилегов има 75.626, додека пак Коце Трајановски има 53.820 гласа.

Заев пред симпатизерите на СДСМ рече дека ова е огромна чест за него и дека следи засукување на ракавите и работа.

– Заедно сме сплотени, заедно топ не не бие. Им порачувам на сите функционери и од централната и од локалната власт внимателно да го слушаат народот и да извршуваат како што диктираат граѓаните. Апелирам на чесност и одговорност. Вредеше борбата, жртвата за Македонија се исплатеше, рече Заев.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

1.451 домашни и странски набљудувачи се акредитирани за локалните избори