(ВИДЕО) Заев: Европските лидери се на потег да дадат зелено светло, извештајот покажа дека сме на вистинскиот пат

Од:

Лидерот на СДСМ Зоран Заев, рече дека позитивниот извештај на Европската комисија е потврда дека земјата успешно работела на реформите согласно агендата за интегрирање на земјата во ЕУ. Тој порача дека сега на ред се лидерите на земјите членки на Европската унија кои треба да дадат зелено светло за отпочнување на преговорите со Унијата.

„Позитивниот извештај на Европската комисија за мене е потврда дека ние успешно сме ги завршиле обврските и дека сме на вистинскиот пат. Тука се мисли на донесените закони за Јавно обвнителство и за Советот на јавни обвинители, на формирањето на агенцијата ОТА, на реформите во јавната администрација, на транспарентната работа на антикорупциската комисија. Извештајот ќе биде проследен до Советот на ЕУ, кој потоа ќе носи одлуки. Уште еднаш сакам да испратам порака до европските лидери да го исполнат своето ветување, тие сега се на потег. Ние не очекуваме дека веднаш ќе вчеземе во ЕУ, но очекуваме отварање на преговорите, отварање на претпристапните фондовите и зголемување на инвестициите во земјава“, рече Заев на денешната прес-конференција.

Заев не сакаше да одговори конкретно кога земјата ќе добие датум за отворање на поглавјата бидејќи, како што рече, тоа не зависело од македонската Влада.

„Ние ќе чекаме, се надевам дека ќе го израдуваат нашиот народ час поскоро, а ние остануваме да чекаме“,додаде лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Би можело да ве интересира

ЕУ: Не е јасно каква игра игра Украина

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Маслеников: Европската Унија продолжува да го саботира мировниот процес во Украина

Горан Наумовски

Ракетниот дострел на Иран е закана што се наѕира над европските престолнини

ЕУ: Ќе најдеме начин да ѝ обезбедиме кредит на Украина и покрај противењето на Унгарија