Заев – Џанг Ѕоу: Пријателството со НР Кина носи придобивки за сите граѓани, ја продолжуваме соработката во нови области

Од:

Претседателот на СДСМ Зоран Заев, придружуван од генералниот секретар Љупчо Николовски, денеска се сретна со амбасадорот на Народна Република Кина во Република Северна Македонија, Н.Е. Џанг Ѕоу.

На средбата се разговараше за односите меѓу двете земји и дветe партии, како и соработката во повеќе области кои се од важност за граѓаните на Република Северна Македонија и Народна Република Кина.

Претседателот Заев истакна дека СДСМ и граѓаните високо ги ценат традиционалните добри односи со Кина.

– Пријателството со Кина носи бројни придобивки за нашата држава и сите наши граѓани. Особено ја цениме поддршката и помошта на Кина која преку неповратни средства вложува во нашето образование, во детската заштита, земјоделството, а имаме и одлична соработка со кинеските компании. Убеден сум дека таквата соработка дополнително ќе се продлабочува и трговската размена меѓу двете земји да надмине и една милијарда долари.

Од страна на кинескиот амбасадор Џанг Ѕоу беше упатена покана до претседателот Заев за учество на самитот на лидери на лево-ориентирани политички партии од форматот 17+1, што идниот месец ќе се одржи во Пекинг.

Џанг Ѕоу истакна дека двете држави имаат можност да ја прошират соработката во нови области како што се иновациите, заштитата на животната среднина, вештачката интелигенција и истовремено изрази надеж дека добрите односи меѓу двете држави не само што ќе продолжат туку и дополнително ќе се интензивираат.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Џамбаски: Димитар Ковачевски му го носеше кафето на Заев, името му е бугарска Али Експрес верзија

Орце Костов

Заев: 75 % од граѓаните се против референдум за договорот со Бугарија, останатите 25 % се вмровци

Маја Илиевска-Пачемска

Стоилковски: Дали луксузните имоти во кои престојуваат Заеви во Дубаи се нивна сопственост?