(ВИДЕО) Заев: Две недели се премалку за решавање на спорот за името

Од:

По најавата на еврокомесарот Јоханес Хан дека Македонија и Грција може да постигнат решение за спорот за името во наредните 15 дена, на денешната заедничка прес-конференција со Лорд Џорџ Робертсон, премиерот Зоран Заев изјави оти не верува дека за две недели може да се реши овој спор.

– Еврокомесарот Јоханес Хан е голем пријател на Македонија и дај Боже тој да има информација што за две недели би завршиле. Јас тоа го посакувам, но верувам дека не е можно затоа што утре имаме средба помеѓу двајцата министри за надворешни работи. Знам од прилика како ќе се разговара и до каде очекуваме да завршиме. Генерално тоа што јас го очекувам е да направиме максимални напори до одлуката на Советот на Европската унија затоа што сигурни сме дека ако имаме решение дотогаш, покрај тоа што заслужуваме, ќе добиеме дефинитивни и најсилни гаранции оти ќе добиеме датум за преговори, рече Заев.

Премиерот посочи дека поканата за НАТО се добива автоматски по решението за спорот за името, но тој верува дека две недели се премалку за решавање.

Поранешниот генерален секретар на НАТО лорд Џорџ Робертсон, истакна дека останува на Македонија и нејзиното раководство, на Владата, на премиерот, на опозицијата, на претседателот, како и на луѓето самите да донесат одлуки.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

СДСМ: Докажете или престанете да лажете за Филипче

Предраг Петровиќ

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

A1on

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

A1on

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска