Заев: Државниот јавен обвинител може да побара и да соопшти како се делеле бонусите во СЈО

Од:

Државниот јавен обвинител е тој кој може да ја побара и да ја соопшти информацијата за тоа како се делеле бонусите во СЈО, изјави денеска премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање.

Тој појасни дека според неговите информации од следењето на реализација на буџетот и неговиот ребаланс, не се трошат секоја година предвидените 228 милиони денари средства кои што се со закон определени за СЈО.

– Сите знаеме дека специјалните јавни обвинители добиваа поголема плата за некои 300 до 500 евра, не знам колку е поголема платата од другите јавни обвинители заради тоа што сериозно презедоа и одговорност и преку додатоците за чувањето на самите материјали коишто носат своја дополнителна одговорност во целиот тој дел. Нема да дозволам да се фрли негативно петно врз јавните обвинители. Постои истрага за државниот специјален јавен обвинител, но за другите не е коректно и треба да се праша да ги кажат сите детали и целата анализа кој е тој дел што е примен како надоместок во делот на додатокот, за сигурност на материјалите за сериозност или за доверливост, и која е вистинската номинална нето плата која што ја земале специјалните јавни обвинители, вели премиерот Заев по потпишувањето Меморандум за соработка со швајцарската амбасадорка Сибил Сутер Техада за Проект за поддршка на изборите реформи.

По она што, вели, тој го има прегледано во целиот овој период ако јавен обвинител во државата зема илјада евра плата, специјалните обвинители земале 1.300 евра, а дополнително на тоа се додатоците коишто ги имаат земано за доверливост, за сигурност, за чување на самите материјали а што со закон е определено како тоа се распределува.

-Но сигурно бројките се далеку помали од тоа што Антонио Милошоски шпекулира или одредени други луѓе. Ве молам во името на професионализмот да ги побарате информациите во делот на самата институција, таму можат да ви дадат директни точни информации заради тоа што се работи за јавни пари. Веројатно таму и службата која што постои може да даде информации. На крајот, одговорноста преку самиот закон е премината, односно предметите имаат своја иднина. Државниот јавен обвинител може да ја побара информацијата и да ја даде. Не би било сходно јас како премиер да барам точна информација или слично заради тоа што се работи за ЈО, но можат да ви дадат точна информација за сите, вели премиерот Зоран Заев.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

СДСМ: Докажете или престанете да лажете за Филипче

Предраг Петровиќ

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

A1on

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

A1on