Заев: Доста ни е од делби и поделби, преку глава ни е од антагонизам и непријателство

Од:

Македонија треба да отвори ново поглавје кое ќе донесе живот за сите граѓани, да има повисоки плати, да се обезбеди работа за младите, но и да има живот во театрите, да бидат полни трибините и спортските сали, порача вечерва лидерот на СДСМ Зоран Заев на митингот на коалицијата „За живот во Македонија“ во Радовиш.

Посочи дека очекува голема победа во Радовиш.

– Ајде заедно да ги довршиме промените, иако во Радовиш е се јасно, но треба работата да ја довршиме до крај. Нашата Македонија отвори ново поглавје. Груевски навистина е минато свршено време и тоа не се враќа, истакна Заев на митингот на кој беа претставени кандидатот за градоначалник на СДСМ за општина Радовиш, Герасим Конзулов и кандидатите на советничката листа.

Според Заев, животот во Радовиш значи и чиста вода за пиење, реконструирана водоводна мрежа, нови улици, тротоари, штедливи светилки, нова општина за во 21 век.

– Доста ни е од делби и поделби, преку глава ни е од антогонизам и непријателство, ние сме различни од нив. Ајде да пружиме рака на сите граѓани оти Радовиш е на сите, Македонија е на сите. Нашата предност е нашето единство. Сите сплотени, здружени можеме да одиме напред. Доста не делеа по сите основи. Конечно Македонија здружена сплотена со изградени пријателство во целиот свет чекори напред и нема застанување затоа што наша е иднината и за неа ќе работиме, рече Заев.

Најави голема поддршка од централната власт за капиталните проекти кои се во програмата на кандидатот за градоначалник на СДС, Герасим Конзулов. Тој вети дека централната власт ќе им даде поддршка на земјоделците. Само со чесни луѓе и чесна политика Македонија, посочи, може да оди напред.

– Еве не за четири месеци од сите пет соседи со коишто бевме скарани направивме и пријатели и сојузници. Цела Европа стои на наша страна, не поддржува и сите очи се вперени кон нас. Ајде да не го испуштиме времето заради тоа што сега е времето. Заедно сите сплотени, здружени да одржиме лекција дека Македонија може да се носи со сите западни земји каде што и ние припаѓаме. Јас сум убеден дека со промените во општините го заокружуваме концептот на едно општество за сите. Носиме живот во Македонија и во сите општини и во цела наша Македонија, рече Заев.

Претседателот на СДСМ вети поддршка и на рудникот Бучим, како и на отворање на новото рудно тело новиот Боров дол, според сите еколошки стандарди, бидејќи, како што рече, досега раководството на Бучим ги развиваше сите еколошки технологии и не дозволи никакви проблеми во Радовиш со загадувањето, а исто така вработените во рудникот добиваа солидни плати.

Тој вети и поддршка на земјоделците, а посебно на тутунарите.

– Јас сум првиот премиер во Македонија што фатил мотика во рака, што ја знае земјоделската мака, што знае што значи да се биде земјоделец. Почитувани тутунари субвенциите од 65 денари ќе бидат само субвенции на последната трета класа, четврта ќе нема. Втората класа ќе има субвенции од 70 денари, првата класа со субвенции од 80 денари, потенцира Заев.

Кандидатот за градоначалник од СДСМ за Радовиш, Герасим Конзулов на радовишани им порача дека со чесна работа и јасна визија и програма ќе ги реализира главните приоритети за Радовиш, а тоа е реконструкција на застарената водоводна мрежа, изградба на пречистителна станица, нови улици, тротоари, решавање на проблемот со депонијата со заедничка изградба на регионална депонија со сите општини.

Тој вети дека ќе се изгради и патот кон планината Плачковица, ќе се изврши урбанизација на сите викендици и ќе се реши проблемот со паркинг местата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ реагира на пресот на СДСМ: Лага е дека ќе се вработуваат 3000 лица

Петрушевски: Ако Филипче и СДС не го осудат говорот на омраза на Орданоски кон Трамп и САД тие даваат сигнал дека се согласуваат

Кузеска: Историски најголема партизација, 3000 партиски кадри ќе вработи Изет Меџити

Венко Филипче единствен кандидат за претседател на СДСМ за партиските избори на 16 март

СДСМ: Меџити најавува илјадници партиски вработувања, се спрема масовна партизација пред изборите

СДСМ: Власта со месеци не го основа Инспекторатот за употреба на македонски јазик

Катерина Ѓуровски