Заев добитник на Меѓународната награда Иса-бег Исаковиќ за 2019 година

Од:

Премиерот Зоран Заев е добитник на годинашната меѓународна награда Иса Бег Исаковиќ, која ќе му биде врачена на традиционалната академија за церемонија во Народниот театар во Сараево на 27 ноември годинава.

-Господин Зоран Заев не само што значително ги подобри односите во регионот на Западен Балкан, туку покажа силно политичко лидерство во контекст на порешително зближување со Европската унија и НАТО. Комитетот не може да знае како ќе изгледа политичката биографија на Зоран Заев следната година како што тоа не беше можно дури и во однос на претходните лауреати кои во годините во кои Комитетот им ги додели исто заслужено, но напорите, иницијативите и резултатите на Заев во 2019 година несомнено ќе бидат забележани како позитивни и историски ценети , соопштија од Комитетот.

Комитетот ги обедини најистакнатите претставници на академската заедница во БиХ, со кој претседава, во втор едногодишен мандат академик Адила Пасалиќ-Кресо, потпретседателка на Академијата за науките и уметностите на Босна и Херцеговина.

Добитник на оваа награда во 2016 година беше и поранешниот претседател Ѓорге Иванов, со освоени 15 гласови, во конкуренција на поранешниот турски премиер Ахмет Давутоглу и високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини.

Меѓународната награда Иса-бег Исаковиќ е наменета за странски државници кои промовираат мир, разбирање и толеранција.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Џамбаски: Димитар Ковачевски му го носеше кафето на Заев, името му е бугарска Али Експрес верзија

Орце Костов

Заев: 75 % од граѓаните се против референдум за договорот со Бугарија, останатите 25 % се вмровци

Маја Илиевска-Пачемска

Стоилковски: Дали луксузните имоти во кои престојуваат Заеви во Дубаи се нивна сопственост?