Заев доби плакета „Преспански јаболкобер“ за помошта на жртвите од невремето

Од:

Премиерот Зоран Заев ја доби плакетата „Преспански јаболкобер“ како благодарност поради залагањата за обештетување на граѓаните од невремето минатата година во Долна Преспа, соопшти ресенскиот градоначалник Живко Гошаревски.

„Од Буџетот на Република Северна Македонија, трансферирани се скоро 80 милиони денари на општина Ресен, за обесштетување на граѓаните погодени од невремето во 2019 година во Долна Преспа.

Општина Ресен, во законскиот рок од еден месец ќе го изврши обесштетувањето на граѓаните.

Оваа мерка на Владата на Република Северна Македонија, претставува вистинска поддршка и помош за земјоделците, кои и покрај големиот труд и напори не успеаа да го соберат родот на преспанско јаболко, од кое производство зависи развојот и економскиот раст на Ресен и Преспа“, напиша на Фејсбук градоначалникот на Општина Ресен.

Би можело да ве интересира

Зоран Заев поднесе тужби против Жан Митрев и Бране Петрушевски

Катерина Ѓуровски

Заев: Пет години, речиси секој ден, ВМРО-ДПМНЕ не престануваат да се занимаваат со мене, ширејќи континуирани лаги и клевети

Горан Наумовски

Продолжува препукувањето, Груевски повторно: Познато е дека големите пари Заев не ги направи со чесно копање на нива

Предраг Петровиќ

Ресенчанец возеше со 2,78 промили алкохол во крвта

А1он

(ВИДЕО) Бузлевски: Време е за Преспа без отпад, со силно земјоделство и туристички развој

Дали Зоран Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер, прашува ВМРО-ДПМНЕ