Заев: Доаѓањето на Меркел, Столтенберг и Курц значи поддршка за Македонија

Од:

Тоа што тројца светски државници неделава ќе дојдат во Македонија е уште еден позитивен сигнал, признание и поддршка за нашата земја, рече премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев на вечерашната трибина во Берово.

Заев ја најави посетата на генералниот секретар на НАТО Столтенберг, на германската канцеларка Меркел, како и на австрискиот канцелар Курц.

– Во среда вечер доаѓа Столтенберг, вторпат во шест месеци, во петок австрискиот канцелар Курц, а во сабота Меркел. Доаѓањето на тројцата светски државници е признание за Македонија, позитивен сигнал. Тие ни подаваат рака за да одиме напред, истакна премиерот.

Според него, и опозицијата е свесна дека ова е моментот за ЕУ и НАТО, моментот кога сите, како што нагласи, треба да бидеме заедно и да се обединиме за европска Македонија.

Заев се осврна и на финансиската поддршка што и ја дава ЕУ на Македонија. Потенцира дека на располагање ни се милијарди евра до 2020 година, но ќе ни бидат доделени ако референдумот е успешен и ако земјава продолжи по европскиот пат.

Градоначалникот на Берово Звонко Пекевски истакна дека се искористени пари од ЕУ и дека таа пракса може да продолжи само со членство на земјава во ЕУ што ќе биде потврдено со успешниот референдум.

Пред трибината во Берово, Заев беше на средба со граѓани во Пехчево.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

СДСМ: Докажете или престанете да лажете за Филипче

Предраг Петровиќ

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

A1on

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

A1on

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска