Заев до Власите: Заедно градиме едно општество и овозможуваме Македонија да оди напред!

Од:

По повод Националниот ден на Власите претседателот на СДСМ, Зоран Заев, упати честитка до припадниците на влашката заедница во Македонија.

„На сите граѓани од влашката заедница во Република Македонија, во мое име и во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, го честитам денешниот Националen ден на Власите.

Ја преземаме обврската, заедно со сите граѓани, вклучувајки ве подеднакво и вас Власите, да градиме едно општество, на еднакви граѓани, што ја движи Македонија кон напредна и стабилна иднина.

Влашката заедница во Македонија активно е вклучена во отворањето перспективи за сите граѓани, преку придонесот на демократски, економски, културен, општетствен план и тоа многу помага кон развој на заедништвото како успешен концепт за унитарна Македонија.

Да се посветиме уште посилно на развивањето на меѓусебните односи, негувањето меѓусебна толеранција, почит кон богатството на традициите и различностите, што претставува значајна придобивка и за идните генерации во Македонија.

Македонија е на патот на демократските промени што ќе овозможат тоа да се случи.“

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните не може да очекуваат ништо од СДС, ниту од Филипче, кој сака да биде „втор Заев“

Горан Наумовски

Од тандемот Заев-Филипче Македонија и граѓаните само беа понижени и негативно претставени, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС, Филипче и Заев се синоним за криминал, неспособност и предавства

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче со години наназад ја уништуваа и ограбуваа државата

ЗНАМ: СДСМ и Венко Филипче апсолутно немаат политички кредибилитет, ниту легитимитет да нудат било какви концепти за Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Колку украде двоецот Заев-Филипче од македонските граѓани за да може да има интернационални бизниси?